|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Германскиот Уставен суд го ограничува законот за задржување на податоци
|
|
|
|
Германскиот Уставен суд го ограничува законот за задржување на податоци |
|
|
|
3.04.2008. |
На 19 март, 2008 г., Сојузниот Уставен суд на Германија ја донесе
првичната одлука во случајот против германска имплементација на
директивата за задржување на податоци поддржан од 34.000 граѓани.
Според прелиминарната пресуда, делови од актот се неуставни и треба да
се ревидираат. Со пресудата не им се забранува на компаниите за електронски комуникации да ги собираат податоците, туку се ограничува нивното користење, со образложение дека задржаните податоци може да им се достават на властите за спроведување на законот само во случаи на тешки злосторства и со судски налог.
Пристап до податоците ќе се овозможи само при обвинителната постапка односно судскиот процес за случаи на тешки кривични дела кога нема да има пристап до други докази или ги нема доволно. Истовремено, Владата е обврзана да достави извештај до Уставниот суд до 1-ви септември 2008 г. за реалните ефекти од задржувањето на податоци и спроведувањето на сегашната прелиминарна пресуда.
Германската работна група за задржување на податоци, НВО која го иницираше овој протест, го изрази своето задоволство поради прелиминарната одлука и остана оптимистички настроена во однос на конечниот резултат: “Ова е само првична пресуда. Уставниот суд е традиционално резервиран во однос на прелиминарните пресуди. Цврсто веруваме дека во соработка со другите 30.000 баратели ќе можеме да го прекинеме надзорот на телекомуникациите без оправдано сомнение“, изјави Вернер Хилсман, член на работната група.
Невладината организација исто така побара оставка од одговорниот министер за правда, Бриџит Зипри. Патрик Брејер, член на работната група, го образложи барањето: „г-а Зипри преговараше за прописите околу задржувањето на податоците без согласност од германскиот парламент, се согласи за директива на ЕУ која што нема правна основа и се обиде да го наметне задржувањето на податоци во Германија прекршувајќи ја јуриспруденцијата на Сојузниот Уставен суд. Ова намерно прекршување на нашиот устав ја дисквалификува како министер за правда.“
Германскиот Уставен суд ќе донесе конечна одлука за случајот подоцна во текот на оваа година, бидејќи исто така се чека на одлуката на Европскиот суд на правдата во постапката започната на 6 јули 2006 г. – Ирска против Советот на Европа, Европски парламент (Случај Ц-301/06).
Во меѓувреме, работната група на својот веб-сајт дава препораки како да се избегне задржувањето на податоци и бара од граѓаните да ги запрашаат своите пратеници каков е нивниот план за успешно спречување на таквите прекршувања на нашите уставни права во иднина.
Press Release - German Constitutional Court on Data Retention case (19.03.2008)
Germany's Top Court Curtails Disputed Data Storage Law (19.03.2008)
Data retention in Germany partly suspended by Constitutional Court (19.03.2008)
EDRI-gram: German constitutional challenge on Data Retention (12.03.2008)
Извор: ЕДРИ-грам "German Constitutional Court limits data retention law" Number 6.6, 26 March 2008
(3688 hits/посети) |
|