Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Подгответе се за супер брз интернет
Подгответе се за супер брз интернет Испечати Е-пошта
7.04.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Истражувачите од ЦЕРН - лабораторијата за физика на честички која помогна во создавањето на интернетот, работат на нова супер-брза интернет инфраструктура која очекуваат да биде 10.000 пати побрза од сегашниот интернет.

Истражувачите на ЦЕРН велат дека новата мрежна инфраструктура ќе им овозможи на корисниците да симнуваат цели филмови за неколку секунди.
Со 10.000 пати поголеми брзини од типичната широкопојасна конекција, преку мрежата ќе може да се испрати целата колекција на Ролинг Стоунс од Британија до Јапонија за помалку од две секунди.

Од последниот издвоен субјект од Церн, Центарот за физика на честички кој ја создаде мрежата, велат дека мрежата исто така може да обезбеди доволна моќ за пренос на холографски слики, да овозможи директно играње преку интернет за стотици илјади гејмери; и да понуди видео телефонија со висока резолуција по цена на еден локален повик.

За разлика од сегашниот интернет, кој всушност е каша-попара од технологии собрани во стари кабли, новата Мрежа се гради со фибер-оптички кабли и модерни центри за рутирање, што значи дека нема застарени компоненти кои ќе ги забавуваат податоците. До денес веќе се инсталирани 55.000 сервери.

Извор: Тектоник „Get ready for superfast Internet" 7 април, 2008.


(4453 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]