Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Надградба на порталот uslugi.gov.mk
Надградба на порталот uslugi.gov.mk Испечати Е-пошта
8.04.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
На порталот www.uslugi.gov.mk публикувани се дополнителни 59 услуги за граѓаните и правните лица. Овие услуги ги обезбедуваат следниве институции: Агенција за иселеништво, Агенција за млади и спорт, Агенција за развој и инвестиции, Државен архив на РМ, Државен завод за геодетски работи, Државен завод за статистика, Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи, Управа за јавни приходи и Царинска управа на РМ. Досега, на порталот беа публикувани само услуги што ги обезбедуваат министерствата.

Публикувањето на овие услуги и обуката на вработените (за начинот на работа на порталот) во овие институции беа овозможени преку проектот на ФИООМ, Процена на потенцијалот за добро управување во Македонија, во соработка со Генералниот секретаријат на Владата на РМ и соодветните институции, меѓу кои и Фондацијата Метаморфозис.

Генереланиот секретаријат на Владата му додели благодарница на ФИООМ. Како што се вели во документот, Секретаријатот му изразува искрена благодарност на ФИООМ за овозможувањето да се одржи Регионалната конференција „Соработката на владите и граѓанскиот сектор”, на 4 март во Скопје. Со тоа, ФИООМ ја поддржа соработката помеѓу владините тела од Балканот, кои се задолжени за одржување на контактите со невладиниот сектор.
(3908 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]