Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Интернет пребарувачите предупредени за чувањето податоци
Интернет пребарувачите предупредени за чувањето податоци Испечати Е-пошта
9.04.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Интернет пребарувачите треба да ги бришат личните податоци на нивните корисници во рок од шест месеци, соопшти советодавното тело на Европската комисија за заштита на податоците.

Препораката најверојатно ќе биде прифатена од Европската комисија и би можела да доведе до конфликт меѓу пребарувачите – џинови од типот на Гугл, Јаху и МСН.

Гугл и МСН ги прават податоците анонимни по 18 месеци, додека Јаху истото го прави по 13 месеци. Телото соопшти дека пребарувачите не се доволно јасни во однос на заштитата на податоците. Според Гугл, приватноста, безбедноста и иновациите се добро урамнотежени во нивната политика за приватност.
Питер Флешер, советникот за глобална приватност на Гугл, изјави: Гугл сериозно ја сфаќа приватноста; заштитата на приватноста на нашите корисници е во сржта на сите наши производи.

Компаниите – сопственици на интернет пребарувачите мора да ги бришат или да ги направат анонимни личните податоци кога тие веќе нема да се користат за наведените и законски цели за кои првобитно биле собрани, известува работната група за член 29.

Во извештајот на работната група 29 за заштита на податоци се вели дека интернет пребарувачите „недоволно објасниле“ зошто ги чуваат и обработуваат податоците на нивните корисници. Во извештајот исто така е наведено: личните податоци на корисниците не треба да се чуваат или обработуваат „по обезбедувањето на резултати од пребарувањето“ доколку корисникот не креирал налог или не се регистрирал кај пребарувачот.

Советодавното тело исто така препорачува интернет пребарувачите да не собираат и употребуваат лични податоци за испраќање на персонализирани реклами освен ако корисникот се согласил и се пријавил за таа услуга.
Телото беше основано за да обезбеди експертско мислење на Европската комисија и да дава препораки во областа на личните податоци и приватноста. Комисијата најчесто ги усвојува препораките на ова тело.

Во извештајот исто така е наведено дека интернет пребарувачите не треба да собираат лични податоци, освен интернет протокол адресата на користениот компјутер, при обезбедувањето основни резултати од пребарувањето и реклами.
„Личните податоци кои се чуваат за безбедносни цели не треба да се користат аа подобрување на услугите“, препорача телото.

Извор: Бибиси Њуз „Search engines warned over data“ 9 април, 2008.


(3542 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]