|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Поддршка од ЕДРи за поништување на Директивата за задржување на податоци
|
|
|
|
Поддршка од ЕДРи за поништување на Директивата за задржување на податоци |
|
|
|
10.04.2008. |
|
Европски дигитални права (ЕДРи) им се придружи на 42 невладини организации за граѓански слободи и професионални здруженија.
ЕДРи се прдружи во потпишувањето на извештајот на германската НВО Работна група за задржување на податоците во својство на советник на судот.
Постапката е упатена до Европскиот суд на правдата (ЕСП) во врска со постапката започната на 6 јули 2006 г. – Ирска против Советот на Европа, Европскиот парламент (Случај C-301/06). Во заклучокот се бара од Европскиот суд на правдата да ја поништи директивата на ЕУ за задржување на податоците истакнувајќи дека и покрај формалната основа на која се повикува Ирска, директивата е, пред сè, нелегална на материјална основа.
Според документот, задржувањето на податоците го нарушува правото на почит за приватниот живот и кореспонденцијата, слободата на изразување и правото на обезбедување заштита на нивната сопственост. „Задржувањето на податоците може да нанесе голема штета на општеството, а можните придобивки од него се чинат мали. Задржувањето на податоците може да оди во прилог на заштитата на индивидуалните права само во неколку случаи кои генерално се помалку важни. Не треба да се очекува постојан, негативен ефект врз нивоата на криминал.“
Додека се применува задржувањето на податоци „граѓаните постојано ќе стравуваат дека податоците од нивната комуникација може некогаш да доведат до лажна инкриминација односно владина или приватна злоупотреба на податоците. Поради тоа, задржувањето на податоците од комуникацијата ја загрозува отворената комуникација во целото општество.“
Amicus Curiae Brief (8.04.2008)
List of Signatories of the Amicus Curiae Brief (8.04.2008)
European NGOs ask Court to annul data retention directive (8.04.2008)
EDRi-gram: German constitutional challenge on Data Retention (12.03.2008)
Извор: ЕДРи-грам „EDRi joins European NGOs in asking ECJ to annul data retention directive“ 9 април, 2008.
(3560 hits/посети) |
|