|
Портпаролот на Европската комисија (ЕК) на 2 Април 2008 г., ја изрази
намерата за земање отпечатоци од децата уште на шестгодишна возраст, со
цел тие информации да се вклучат во биометриските пасоши.
Без оглед на препораките на Европскиот супервизор за заштита на податоците, Питер Хастинкс, дека минималната возраст за земање отпечатоци од прстите треба да биде 14, портпаролот од Европската комисија (ЕК) на 2 Април 2008 г., ја изрази намерата за земање отпечатоци од децата уште на шестгодишна возраст, со цел тие информации да се вклучат во биометриските пасоши.
Жак Баро, Комесарот за правда, слобода и безбедност, смета дека „предлозите се издржани“, објаснувајќи дека земањето на отпечатоци е важен инструмент во борбата со трговијата со луѓе.
За време на состанокот на 12 февруари, 2008 г., Високиот стратешки комитет за емиграција, граници и азил (СЦИФА)/Мешаниот комитет дискутираше за возраста на која од децата треба да се земаат отпечатоци за визи, дозволи за престој и пасоши на ЕУ и патни исправи. За време на состанокот на Работната група за визи на 18 и 19 февруари 2008 г., мнозинството од делегатите се согласи за возраста од 6 години па дури и помалку онаму каде што „националното законодавство тоа го дозволува“. Само Германија и Австрија го поддржаа предлогот на Европскиот парламент (ЕП) за 12 наместо 6 години.
„Оваа Комисија самата си постави стандард дека сите нејзини предлози треба да се засноваат на процената на влијанието, вклучувајќи и процена на влијанието врз приватноста и човековите права,“ изјави Хастинкс додавајќи: „Немаше процена на влијанието за овој конкретен предлог, имаше многу мала поддршка, се однесува на субјективни докази а тоа не е доволно добро.“
Хастинкс е загрижен за прашањата за приватноста но и за квалитетот на отпечатоците за верификација на идентитетот кои може да се добијат од деца на шестгодишна возраст. Европската комисија аргументира дека предлозите биле дадени во согласност со меѓународни договори, врз основа на стандардите на организацијата Меѓународна цивилна авијација. Хастинкс исто така смета дека новиот тренд на биометриски предлози бил даден без доволна анализа на нивното влијание во иднина. „Бев погоден од континуираното потценување на овие проблеми во контекст на биометријата. (...) Според мене, пребрзо навлеговме во биометријата“, изјави Хастинкс.
Оваа дебата е слична на дебатата што се води меѓу Европскиот парламент и Советот на министри во однос на возраста за земањето отпечатоци за виза од децата. ЕП исто така предложи поголема возраст, 12 години, за разлика од Европската комисија. Резултатот од оваа дебата се очекува да се применува и за пасошите.
„Благодарение на моќта на европарламентарците во одлучувањето за овие прашања, Комисијата и Советот не можат едноставно да нè игнорираат,“ изјави главниот европратеник за визи, либералот од Велика Британија Сара Ладфорд која додаде: „Но тие би биле непретпазливи доколку се обидат да го протуркаат тој предлог без повеќе независни студии и јавни дебати околу тоа дали има вистинска потреба за земање отпечатоци од децата на таа возраст.“
Commission stands firm on biometric passports (3.04.2008)
http://www.europeanvoice.com/current/article.asp?id=30138&print=1
Proposal for a Regulation of the European Parliament and of the Council
amending Council Regulation (EC) No. 2252/2004 on standards for security
features and biometrics in passports and travel documents issued by Member
States (6.02.2008)
http://www.statewatch.org/news/2008/feb/eu-council-child-printing.pdf
EDPS Opinion on biometrics in passports: exemptions welcomed but
unsatisfactory (26.03.2008)
http://edps.europa.eu/EDPSWEB/webdav/site/mySite/shared/Documents/Cons...
EDRI-gram: Biometric data from non-EU travellers (13.02.2008)
http://www.edri.org/edrigram/number6.3/biometric-eu-travel
Извор: ЕДРи-грам
“The European Commission continues to pressure for early fingerprinting” бр.
6.7, 9 Април, 2008.
(2413 hits/посети) |