|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Со собирање на податоци од патниците се прекршуваат човековите права
|
|
|
|
Со собирање на податоци од патниците се прекршуваат човековите права |
|
|
|
18.04.2008. |
|
Германската работна група за задржување на податоците ги прошири своите
активности и надвор од прашањата за задржување на податоци, објавувајќи
две апликации од Европскиот парламент до Европскиот суд на правдата со
кои се оспорува преносот во САД на податоци од резервациите на патниците.
Во документите се објаснува зошто собирањето на податоци од авионските патници во САД и сличниот предлог од Еврокомесарот Франко Фратини не соодветствуваат со основните права на авионските патници. Прво, произволното собирање на сите податоци од резервациите го нарушува основното право на приватност и заштита на нашите лични податоци. Сигурноста на задржаните податоци не е прецизно дефинирана; на властите им се дава „бланко“ чек со што им се дозволува неограничена употреба на податоците за други намени. Исто така, не се заштитени од неовластен пристап чувствителните податоци за расното и етничкото потекло на патниците, политичките ставови и верските убедувања.
Работната група за задржување на податоци исто така побара од Владата на Сојузна Република Германија да се откаже од преговорите за првично неуспешниот план за извршување на произволно задржување на податоци на авионските патници во Европа.
Патрик Брејер, член на работната група, ја откри причината за таквото размислување: Во основа, апликациите на Европскиот парламент може да се копираат за да се поништи Европскиот план на суд. Принципот на пропорционалност забранува масовно собирање на податоци од невини авионски патници откако ќе ја поминат граничната контрола. Непропорционално е да се собираат податоците од сите само поради тоа што во некои ретки случаи, тие би можеле да бидат корисни за властите. Граничните власти веќе имаат пристап до потребните податоци. Новиот план е непотребен и не може да се примени онаму каде што важат европските фундаментални права. Во неговата одлука околу масовното скенирање на регистарски таблички на возила, Германскиот уставен суд овој месец потврди дека податоците за граѓаните кои властите не ги гонат мора веднаш да се отстранат.“
Collection of flight passenger data violates human rights - Complaints
published (31.03.2008)
http://www.vorratsdatenspeicherung.de/content/view/214/79/lang,en/
EDRi-gram: EC plans to profile all passengers in and out EU (7.11.2007)
http://www.edri.org/edrigram/number5.21/eu-pnr
EDRi-gram: Final agreements between EU and USA on PNR and SWIFT (4.07.2007)
http://www.edri.org/edrigram/number5.17/us-pnr-new
Извор: ЕДРи-грам: „PNR Data infringes human rights“ број 6.7, 9 април,l 2008.
(4018 hits/посети) |
|