Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Повеќе од 250 милиони Европејци редовно користат интернет
Повеќе од 250 милиони Европејци редовно користат интернет Испечати Е-пошта
22.04.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Според извештајот на ЕК за развој на ИКТ, во моментот повеќе од половина од Европејците се редовни интернет корисници, од кои 80 отсто имаат широкопојасна конекција, а 60% од јавните услуги во ЕУ се целосно достапни на интернет.

Две третини од училиштата и половина од здравствените установи користат брзи интернет конекции, благодарение на силниот развој на широкопојасниот (бродбенд) интернет во Европа. Ова се резултатите во извештајот на Комисијата за и2010, дигиталната стратегија на ЕУ за развој и нови работни места. Стратегијата, оформена во 2005, резултираше со цврста посветеност за унапредување на ИКТ на ниво на Европската унија и на национално ниво.

Од 2007 г., сите земји-членки го сметаат развојот на ИКТ за едно од главните достигнувања во нивните програми за структурни реформи. Паралелно, институциите на ЕУ го поттикнуваа градењето на единствен пазар за онлајн услуги и го зголемија финансирањето за истражувања. Сепак, единствениот пазар за телекомуникациски компании, со кој се унапредуваат прекуграничните комуникациски услуги е сè уште во развој.

„Добредојдена е промената на политичката насока, со која денес ИКТ, главниот двигател на европскиот развој, се промовира од сите 27 земји-членки на ЕУ во нивните државни политики. Ова и` помага на Европа да се натпреварува во меѓународни рамки и го модернизира секојдневното живеење на европејците,“ изјави Вивиен Рединг, Европскиот Комесар за информатичко општество и медиуми. „Особено добра вест е тоа што 77 отсто од бизнисите во ЕУ, 67 отсто од училиштата и 48 отсто од докторите сега користат брзи широкопојасни конекции. Меѓутоа, некои делови на ЕУ сè уште заостануваат и не се целосно поврзани. Затоа, сите земји-членки на ЕУ мора да работат напорно за да се затворат тие празнини, да се подобрат прекуграничните комуникациски услуги како и услугите во руралните и оддалечените региони.“

Како што покажува извештајот, европската стратегија за ИКТ политика „и2010 – Европско информатичко општество за развој и нови работни места“ (IP/05/643), која поттикна нови иницијативи во ЕУ за регулирање, истражување и јавно-приватни партнерства, почнува да дава резултати. Европската унија го има светски најразвиениот потрошувачки пазар и 100 милиони корисници на широкопојасен интернет, со што има добри предиспозиции за искористување на економските придобивки од ИКТ.

Во 2007 г., интернетот привлече речиси 40 милиони нови редовни корисници во Европската унија (сега има вкупно 250 милиони). Во последните пет години, ИКТ имаше големо влијание на јавните услуги, особено при поврзувањето на образованието и здравството со интернет; две третини од овие сектори сега имаат широкопојасен интернет, од речиси нула во 2001. Во здравствениот сектор, 57 отсто од докторите сега испраќаат или примаат податоци за пациентите (17 отсто во 2002г.) а 46 отсто од нив ги добиваат резултатите од лабораториите по електронски пат (11 отсто во 2002 година). Седумдесет и седум проценти од бизнисите во Европската унија имале бродбенд конекција во 2007 г., (62 отсто во 2005), а 77 отсто користат интернет за работење со банки (70 отсто во 2005 г.)

Речиси 40 отсто од европејците воопшто не користат интернет. Тргнувајќи од 69 отсто во Романија, 65 во Бугарија и 62 во Грција, до 13 % во Данска и Холандија. За да се поттикне употребата на нови онлајн технологии, Комисијата ќе објави Водич за дигиталните права и обврски на корисниците од ЕУ во текот на 2008 г.

Додека во некои од земјите – Австрија, Чешката Република, Малта и Португалија – 100% основните јавни услуги за бизнисите може целосно да се спроведат преку интернет, другите заостануваат (Бугарија, 15 отсто, Полска 25, Летонија со 30%) Затоа, во текот на месец мај Комисијата ќе иницира големи проекти за поддршка на пан-Европски јавни услуги како на пр. прекуграничната процедура со електронски идентитет или електронски потписи.

 

Извор: Europe's Information Society - "More than 250 million Europeans regularly use Internet, says Commission's ICT Progress Report" Apr. 18, 2008


(3731 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]