|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
|
Насловна
|
|
ТОП ВЕСТ |
Прв работен ден на фондацијата Метаморфозис во новата година ќе биде 12-ти јануари.
|
|
|
|
|

|
|
ОЛПЦ се откажува од Линукс? |
|
|
|
24.04.2008. |
|
ОЛПЦ, образовниот проект кој наводно има за цел да обезбеди мали,
евтини лаптоп-компјутери за децата, уште од самиот почеток функционира
со својата „домашна апликација“ Шугр, која работи на Линукс.
Но основачот и директор на ОЛПЦ, Николас Негропонте, во
вторникот изјави за
Асошиејтед прес дека тоа наскоро ќе се промени.
Напаѓајќи ги активистите за слободен софтвер, Негропонте го искритикува „фундаментализмот во делови од заедницата на слободниот софтвер со отворен код“ и оцени дека со форсирањето на слободен софтвер со отворен код на лаптоп-компјутерите ХО компанијата всушност ги одвраќа луѓето. „Може да го поддржувате софтверот со отворен код и без да бидете фундаменталист“ промрмори Негропонте.
Тоа го разгневи Едвард Черлин кој за ОЛПЦЊуз изјави:
Навистина? Ние некако успеавме да го украдеме проектот за кој вие бевте одговорен? Можеби причината за тоа е што Вие никогаш не разговарате со работниците? Или можеби затоа што ние ќе се откажевме и ќе го напуштевме концептот на Шугар доколку претходно нè известевте за ова?
ОЛПЦ не е проект за лаптоп-компјутери, туку образовен проект. Целта на образованието во проектот ОЛПЦ е да се стави крај на сиромаштијата, така што економскиот аспект е битен во проектот. Мора да обрнете внимание од каде доаѓаат и каде одат парите. Пресметано е дека помошта за африканските нации достигнала повеќе од трилион долари во минатиот век, а кражбата на владини средства во овие земји исто така ја достигна бројка од трилион долари или повеќе.
Проблемот е во монополската позиција на Мајкрософт во оваа индустрија. Децата од земјите во развој може да имаат слобода да користат (бесплатен) софтвер или може да станат слуги на Мајкрософт, и да мора да му плаќаат годишен данок на Мајкрософт за софтверски закрпи ако сакаат да ги користат сопствените компјутери. Земјите во развој би трошеле милијарди долари годишно за да купат комерцијален софтвер со кој би се постигнало истото што децата би можеле да го добијат бесплатно со оперативниот систем Линукс. Сето тоа за многу поголема цена од онаа на компјутерите.
Ги проверив бројките. Можеби софтверот кој оди заедно со системот е доволен за обичните корисници, но за напредни корисници и ученици во средните училишта на кои им треба најновата софтверска технологија опфатена во нивните учебници, односот може лесно да достигне 10 спрема 1 кај конвенционалните лаптоп-компјутери, и дури повеќе кај лаптопот XO.
Извор: ЗДНет "OLPC ready to scrap Linux?“ April 23rd, 2008
(4179 hits/посети) |
|