|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Работилница за етика и е-инклузија
|
|
|
|
Работилница за етика и е-инклузија |
|
|
|
30.04.2008. |
|
На 12 мај 2008, во Блед, Словенија, секторот „ИКТ за инклузија“ на Европската комисија, под словенечко
претседателство организира еднодневна работилница за главните етички
прашања од областа на е-инклузија.
Тука спаѓаат правото на
приватност и заштита на личните податоци, усогласена процедура, почитување на достоинството и
интегритетот на личноста, итн.
Во текот на работилницата, ќе се разговара за етичките аспекти околу употребата на ИКТ за независното живеење на постарите луѓе, лица со хендикеп, за општествена и културна интеграција на емигрантите во нивните нови заедници во Европа, ИКТ за општествената инклузија на маргинализираните млади луѓе, и услугите за инклузивна е-власт.
Комисијата ја идентификуваше итната потреба за разјаснување на етничките прашања со цел да се почитуваат правата на корисниците и да им се овозможи на растечките пазари да се развиваат. Инклузијата во информатичкото општество меѓу другото подразбира здраво и независно живеење на постарите лица, помошни технологии за лицата со хендикеп, ИКТ за интеграција на маргинализирани млади луѓе или емигранти.
Работилницата се планира како клучен настан за етика и е-инклузија, каде што лидерите на високо ниво, експертите и заинтересираните страни ќе можат да ги испитуваат главните етички предизвици и да обезбедат совет за етичките принципи да се почитуваат во ИКТ за луѓето кои се изложени на ризик од исклученост, во активностите на истражување, распоредување или имплементација.
Главните заклучоци и препораки од овој настан ќе се презентираат за време на Конференцијата и2010 организирана под словенечко претседателство на 13 и 14 мај 2008 г. во Брдо.
Извор: Europe's Information Society "Workshop on ethics and e-inclusion" April 30, 2008
(3695 hits/посети) |
|