|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
|
Насловна
|
|
|
|
|

|
|
Конференција (Г)локал 2008 |
|
|
|
6.05.2008. |
|
Универзитетот Њујорк - Скопје во Сарај во соработка со Центарот за нови медиуми ќе одржи конференција за нови медиуми „ГЛокал“ посветена на блоговите, блогирањето, блог заедниците и останатите теми од општествените медиуми.
Поголемиот дел од содржината која секојдневно се објавува на интернет ја создаваат корисниците, а најголем дел од неа се објавува во вид на блогови или други платформи на општествени медиуми. Невозможно е да се одреди точниот број на блогови поради децентрализираниот и динамички карактер на блогосферата. Двигател на еволуцијата на интернетот е токму таа динамична и децентрализирана природа на оваа нова реторичка можност која станува сè подостапна и полесна за користење. Има сè поголема потреба за софистицирана дискусија на општествените медиуми, вклучително и блоговите, блогирањето, блогосферата и воопшто, општествениот софтвер.
Меѓународната конференција „Глокал 2.0: Блогирање: Еволуција третирана како Револуција“ ги поканува истражувачите и блогерите на дискусија и анализа, како и на размена на размислувања и искуства околу новото вмрежено општество во кое живееме.
Агенда за конференцијата (Г)локал (8-10 мај, 2008г.)
Извор: (G)local Conference
(3066 hits/посети) |
|