|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Мајкрософт ја повлекува понудата за преземање на Јаху!
|
|
|
|
Мајкрософт ја повлекува понудата за преземање на Јаху! |
|
|
|
7.05.2008. |
|
Неколку месеци по соопштувањето на својата намера за купување на Јаху!,
Мајкрософт вчера објави дека ја повлекува својата понуда.
Во изјавата што вчера ја даде Стив Балмер извршниот директор на Мајкрософт вели: И покрај сите наши заложби, вклучувајќи го и покачувањето на понудата за 5 милијарди долари, Јаху! не ја прифати нашата понуда. По внимателно размислување, заклучивме дека средствата кои ги бара Јаху! се неразумни и дека повлекувањето на нашата понуда е во најдобар интерес на акционерите на Мајкрософт, вработените и останатите заинтересирани страни.
„Сè уште веруваме дека нашиот предлог за преземање имаше смисла за Мајкрософт, Јаху! и пазарот како целина. Целта на соединувањето со Јаху! беше да се обезбеди поголем избор и иновации на пазарот и да се создаде вистинска вредност за нашите акционери и вработени,“ изјави Балмер.
Јаху! вчера објави соопштение во кое се вели: Уште од почетокот на овој процес, нашиот независен одбор и нашето раководство цврсто веруваа дека понудата на Мајкрософт е под вредноста на компанијата и задоволни сме што толку голем број од нашите акционери ни се придружија во изразувањето на нашиот став. Јаху! е профитабилна компанија, постојано расте и добро работи на својот стратешки план за искористување на големите можности во релативно новиот пазар за маркетинг на интернет. Нашите солидни резултати во првото тромесечје на 2008 г. и зголемениoт готовински капитал за 2008 го отсликуваат напредокот на компанијата.“
Во дописот до Џери Јанг од Јаху!, Балмер вели дека тие биле најмногу загрижени поради тоа што Јаху! планирал да изврши аутсорсинг на Гугл за своите потреби за платени огласи: Тоа исто така би му овозможило на Гугл да ги поставува цените за клучните зборови за пребарување на нивните но и на вашите платформи и во тој процес ќе се покачат цените што им се наплаќаат на клиентите кои се рекламираат на Јаху. Освен правните проблеми кои би произлегле од оваа ситуација, ова се чини неразумно и од перспектива на бизнисот, освен ако намерата е ова да се искористи како средство за излез од бизнисот на платено пребарување во корист на Гугл.“
Извор: Тектоник "Microsoft withdraws Yahoo! offer“
(8576 hits/посети) |
|