Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна
ТОП ВЕСТ

Кампања „Слобода наместо страв“ 

  

Меѓународниот ден на дејствување „Слобода наместо страв“ ќе се одбележи во сите европски главни градови и градови од целиот свет, како протест против целосното задржување на телекомуникациските податоци и против другите инструменти за надзор.

Прочитај повеќе...

 

Бибиси открива дека Фејсбук не штити лични податоци Испечати Е-пошта
8.05.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Постои можност за кражба на личните податоци на корисниците на Фејсбук, открива Бибиси.

Популарниот сајт за социјално вмрежување им овозможува на корисниците да додаваат најразлични апликации на нивниот профил.
Но еден малициозен програм, маскиран во безопасна апликација би можел да ги собере нивните лични податоци. Корисниците на Фејсбук треба да бидат претпазливи кога додаваат апликации. Сите програми кои ги прекршуваат условите за користење ќе бидат отстранети, велат одговорните од Фејсбук.

Една од причините зошто Фејсбук стана популарен толку брзо се многубројните апликации кои што корисниците можат да ги додаваат на нивните профили.
Мали игри, квизови, тестови за интелигенција, ги има илјадници... Откако ќе додадете апликација, исто така ги поттикнувате и вашите пријатели да ја додадат. Секој со основни познавања од веб-програмирање може да го напише кодот за таквата апликација.

Екипата на Бибиси употреби два лаптоп-компјутери и еден програмер за да создаде специјална апликација која корисниците на Фејсбук би можеле да ја додаваат на своите профили. Таквата апликација би можела да изгледа како игра, тест или шега на денот, но во позадина всушност собира лични податоци и податоците на вашите пријатели, кои потоа ги препраќа до креаторот на апликацијата.

Извор: Бибиси “Identity 'at risk' on Facebook”


(3229 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]