Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна
ТОП ВЕСТ

Кампања „Слобода наместо страв“ 

  

Меѓународниот ден на дејствување „Слобода наместо страв“ ќе се одбележи во сите европски главни градови и градови од целиот свет, како протест против целосното задржување на телекомуникациските податоци и против другите инструменти за надзор.

Прочитај повеќе...

 

Прв ден од конференцијата Glocal 2.0 Испечати Е-пошта
9.05.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
На првиот ден од конференцијата Глокал 2.0 се одржаа две интересни сесии. Во првата сесија, која беше на тема „Emerging Media Ecosystems, се зборуваше за влијанието на новите онлајн алатки во мејнстрим медиумите и воопшто во новинарството. Интересно излагање имаше Робин Хаман од ББС, кој најдобро ја прикажа можноста за користење на веб 2.0 технологиите во онлајн новинарството. Потоа следуваа неколку примери за граѓанско новинарство од Бугарија и Белгија. За крај на оваа сесија се претстави Зоран Ричлиев од Утрински Весник, кој ги истакна проблемите и предизвиците на печатениот медиум.

Втората сесија беше на тема „Тематски блогови (Topical Blogs)“ . Најголем акцент имаше на образовните блогови и сите говорници дадоа своите мислења на оваа тема. За почеток се претставија неколку наши блогери со тематски блогови, како Ирена Цветковиќ (Фемгерила) и Василка Димитровска (Архео). Радмила Живановиќ од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања,  ги истакна предностите на блогирање на теми од образованието, но сепак го истакна и малиот број на вакви македонски блогови. Најжестока дискусија се случи токму на оваа тема, поточно околу начинот на кој овие блогови би влијаеле на образовниот систем и како да се утврди нивната веродостојност. За крај од првиот ден, со интересна презентација на тема „Topical Blogs: From Lifehacking to Getting Things Done Online“, се претстави Јетон Алији од Универзитетот на Југоисточна Европа.


(3294 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]