|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Хакерски напад на Мајкрософт
|
|
|
|
Хакерски напад на Мајкрософт |
|
|
|
7.06.2004. |
|
Минатата недела на веб страната на Мајкрософт, www.microsoft.com/msress/uk, се појави текст на хакерската група Аутло...
Доколку минатата недела ја посетивте веб страната на Мајкрософт, сигурно ви привлече внимание една впечатлива содржина. Имено, на адресата www.microsoft.com/msress/uk се појави текст на хакерската група Аутло (надвор од законот), во кој на неколку редови беше истакнато: 'Owned by OutLaw Group' (во сопственост на групацијата Аутло).
Мајкрософт објави дека содржината се појавила на страницата преку која може да се купи стручна литература и дека брзо бил воочен и отстранет. Исто така, нагласи дека случајот е во истрага и дека нема влијание на ниту еден корисник.
Нападот како да не можеше да се случи во полошо време – Мајкрософт дури вчера, на конференцијата TechEd (ТекЕд), одржа предавање за својот софтвер ИСА (Internet Security and Acceleration) Сервер, кој служи за спречување на неовластени пристапи. (2575 hits/посети) |
|