Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow ЕДРИ arrow ИФПИ продолжува да врши притисок врз интернет провајдерите да делуваат како интернет полиција
ИФПИ продолжува да врши притисок врз интернет провајдерите да делуваат како интернет полиција Испечати Е-пошта
13.05.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
И покрај критиките и негативните реакции на интернет провајдерите во неколку земји, ИФПИ продолжува да ги притиска да се претворат во интернет полиција. По Данска, Норвешка и Ирска, следна цел на здружението се шведските интернет провајдери.

Она што ИФПИ (Меѓународната федерација на фонографската индустрија) го бара од интернет провајдерите е тие да го ограничат пристапот на своите корисници до веб-сајтовите кои наводно го олеснуваат прекршувањето на авторски права. Досега во своите разговори со интернет провајдерите, ИФПИ имаше слаб успех па одлучи да употреби правен притисок. „Сметаме дека интернет провајдерите треба да одиграат важна улога во оваа ситуација и тие мора да ни помогнат. Дискусиите кои се обидовме да ги водиме со интернет провајдерите не дадоа резултат“ изјави Управниот директор на ИФПИ во Шведска, Ларс Густафсон.

Според Густафсон, фокусот ќе биде на една компанија која наводно го олеснува споделувањето на датотеки преку интернет, а една од услугите кои се исто така нивна мета е ПајратБеј. ИФПИ веќе испрати писма до неколку даватели на услуги, и од нив побара да ги надгледуваат нивните клиенти и да ги филтрираат веб-сајтовите.

Сепак, поголемиот број на интернет провајдери одбија да соработуваат со ИФПИ. Еден од нив е и Телиа Сонера, големиот шведски интернет провајдер кој ги смета таквите постапки за нелегални според правото на ЕУ, а на ист начин одговорија и норвешките интернет провајдери.

ИФПИ аргументира дека ограничувањето на пристапот до веб-сајтови за споделување на датотеки може да им оди во прилог на интернет провајдерите. „Нелегалното пир-ту-пир споделување на датотеки можеби помогнало да се привлечат бродбенд претплатници во минатото, но денес тие активности, особено кога станува збор за филмови, ја забавуваат брзината на симнување,“ велат од ИФПИ.

Досега, ИФПИ ја доби битката во Данска во февруари кога Теле2 доби наредба од судот да го блокира пристапот на своите клиенти до ПајратБеј, но во моментот одлуката е обжалена и ПајратБеј најави дека ќе бара обесштетување.

IFPI to Sue Swedish ISP for Facilitating Copyright Infringement (2.05.2008)

Swedish ISP Refuses To Block The Pirate Bay (27.03.2008)

EDRI-gram: Setback for IFPI in its case against PirateBay (23.04.2008)

 

Извор: ЕДРИ-грам - "IFPI continues to pressure ISPs to act as Internet police" бр. 6.9, 7 мај, 2008.


(2200 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]