|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
|
Насловна
|
|
|
|
|

|
|
Европската комисија ѝ доделува еколошка улога на ИКТ |
|
|
|
14.05.2008. |
|
Во склоп на заложбите за борба против климатските промени, Европската
комисија денес соопшти дека ќе ја промовира употребата на ИКТ
за да ја подобри ефикасноста
на енергијата во економијата, почнувајќи од градбите, осветлувањето и
електричната мрежа.
Со ИКТ може да се изгради подобра еколошка свест во економијата, со што масовно би се намалило присуството на јаглерод во Европа. Комисијата ќе ја поттикне ИКТ индустријата да биде предводник на таа кампања преку намалување на сопствените емисии на јаглерод диоксид и преку идентификувањето и создавањето на решенија од полза за севкупната економија. На пример, најнапредните компјутерски сервери трошат еднакво количество енергија како една стандардна сијалица; доколку наидат на уште поширока употреба, со нив би можеле да се остварат заштеди кои би достигнале и до 70 отсто.
За да се постигнат Европските цели во однос на ефикасноста на енергијата до 2020 г., потребен ни е силен развој и економија со ниска употреба на јаглерод. Истражувањето и брзото воведување на иновациски ИКТ решенија за ефикасно користење на енергијата ќе бидат од суштинска важност за намалување на емисиите на гасот низ целата економија,“ изјави Вивиен Рединг, Европскиот комесар за информатичко општество и медиуми. Ова е ситуација во која нема губитници, бидејќи ИКТ ќе ја подобри конкурентноста на индустријата на ЕУ и истовремено ќе се бори против климатските промени.“
Извор: Europe's Information Society "Commission casts ICT in green role"
(3099 hits/посети) |
|