Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow ЕДПС сака заштитата на податоците да се земе предвид во истражувачките проекти на ЕУ
ЕДПС сака заштитата на податоците да се земе предвид во истражувачките проекти на ЕУ Испечати Е-пошта
15.05.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Питер Хастинкс, Европскиот контролор за заштита на податоци (ЕДПС) сака потребите за приватност и заштита на податоците  да се земат предвид во идните проекти на ЕУ за истражување и технолошки развој, а особено во проектите за развој на информатичко-комуникациските технологии.

Главната улога на ЕДПС е да ги следи настаните во ЕУ кои влијаат врз заштитата на личните податоци, особено развојот на ИКТ и „да ја советува Комисијата и/или креаторите на проектите да користат методологии за развојно-истражувачки проекти кои би оделе во прилог на заштитата на приватноста и податоците и да развиваат технологии и процеси кои ќе ја унапредат и зајакнат ефективноста на правната рамка на ЕУ за заштита на податоците.

На 28 април 2008 г., ЕДПС усвои документ за политики со кој се дефинира неговата улога и можните начини на придонес во подготвителната фаза на целокупната рамковна програма за истражување на ЕУ како и во индивидуалните истражувачки проекти. Активностите на ЕДПС имаат за цел да ја подобрат примената на начелото „вклучување на приватноста од самиот почеток“ како составен дел на иницијативите за истражување и технолошки развој.

„Потребите за приватност и заштита на податоците треба да се нагласат и применат што поскоро во животниот циклус на новите процеси на технолошки развој со цел да се придонесе за подобра имплементација на правната рамка за заштита на податоците. Заложбите за истражување и технолошки развој на ЕУ претставуваат добра можност за постигнување на овие цели“ вели Хастинкс.

Во таа насока, придонесот на ЕДПС би се остварил преку: учество во работилници и конференции наменети за идентификување на идните предизвици кои може да бидат релевантни за политиката за истражување и технолошки развој на ЕУ; придонес за советодавните одбори за истражување основани од Европската комисија во склоп на рамковната програма, и обезбедување на мислења за прашања од областа на заштита на податоците; помош за Европската комисија при процесот на евалуација на предлог проекти, особено во однос на можните прашања околу заштитата на податоците кои би можеле да се покренат со овие предлог-проекти; обезбедување на мислења за прашања од областа на заштита на податоците во врска со индивидуалните проекти за истражување и технолошки развој на негова сопствена иницијатива или на барање на конзорциумот.

Исто така, бидејќи „истражувачките проекти на Рамковната програма на ЕУ вообичаено вклучуваат и обврска за вклучување на партнери од неколку земји-членки, ЕДПС би можела исто така, во овој случај, да придонесе за соработка и истата да ја олесни помеѓу односните земји-членки или телата за заштита на личните податоци од трети земји кои би можеле да бидат вклучени“ се вели во документот.

The EDPS and EU Research and Technological Development -Policy paper

Privacy chief: EU research must consider data protection

EDPS issues policy paper on his role in EU research and technological development

 

Извор: ЕДРИ-грам "EDPS wants data protection considered by EU research projects"


(3066 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]