|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести ЕДПС сака заштитата на податоците да се земе предвид во истражувачките проекти на ЕУ
|
|
|
|
ЕДПС сака заштитата на податоците да се земе предвид во истражувачките проекти на ЕУ |
|
|
|
15.05.2008. |
|
Питер Хастинкс, Европскиот контролор за заштита на податоци (ЕДПС)
сака потребите за приватност и заштита на податоците да се земат
предвид во идните проекти на ЕУ за истражување и технолошки развој, а
особено во проектите за развој на информатичко-комуникациските
технологии.
Главната улога на ЕДПС е да ги следи настаните во ЕУ кои влијаат врз заштитата на личните податоци, особено развојот на ИКТ и „да ја советува Комисијата и/или креаторите на проектите да користат методологии за развојно-истражувачки проекти кои би оделе во прилог на заштитата на приватноста и податоците и да развиваат технологии и процеси кои ќе ја унапредат и зајакнат ефективноста на правната рамка на ЕУ за заштита на податоците.
На 28 април 2008 г., ЕДПС усвои документ за политики со кој се дефинира неговата улога и можните начини на придонес во подготвителната фаза на целокупната рамковна програма за истражување на ЕУ како и во индивидуалните истражувачки проекти. Активностите на ЕДПС имаат за цел да ја подобрат примената на начелото „вклучување на приватноста од самиот почеток“ како составен дел на иницијативите за истражување и технолошки развој.
„Потребите за приватност и заштита на податоците треба да се нагласат и применат што поскоро во животниот циклус на новите процеси на технолошки развој со цел да се придонесе за подобра имплементација на правната рамка за заштита на податоците. Заложбите за истражување и технолошки развој на ЕУ претставуваат добра можност за постигнување на овие цели“ вели Хастинкс.
Во таа насока, придонесот на ЕДПС би се остварил преку: учество во работилници и конференции наменети за идентификување на идните предизвици кои може да бидат релевантни за политиката за истражување и технолошки развој на ЕУ; придонес за советодавните одбори за истражување основани од Европската комисија во склоп на рамковната програма, и обезбедување на мислења за прашања од областа на заштита на податоците; помош за Европската комисија при процесот на евалуација на предлог проекти, особено во однос на можните прашања околу заштитата на податоците кои би можеле да се покренат со овие предлог-проекти; обезбедување на мислења за прашања од областа на заштита на податоците во врска со индивидуалните проекти за истражување и технолошки развој на негова сопствена иницијатива или на барање на конзорциумот.
Исто така, бидејќи „истражувачките проекти на Рамковната програма на ЕУ вообичаено вклучуваат и обврска за вклучување на партнери од неколку земји-членки, ЕДПС би можела исто така, во овој случај, да придонесе за соработка и истата да ја олесни помеѓу односните земји-членки или телата за заштита на личните податоци од трети земји кои би можеле да бидат вклучени“ се вели во документот.
The EDPS and EU Research and Technological Development -Policy paper
Privacy chief: EU research must consider data protection
EDPS issues policy paper on his role in EU research and technological development
Извор: ЕДРИ-грам "EDPS wants data protection considered by EU research projects"
(2185 hits/посети) |
|