|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
|
Насловна
|
|
ТОП ВЕСТ |
|
e-Society.Mk 2008
Четвртата меѓународна конференција „е-Општество.Мк“ ќе се одржи во Скопје, Македонија на 10 декември, 2008 г. Оваа година фокусот на конференцијата е користењето на информациско-комуникациските технологии во образованието. Вашето учество на конференцијата можете да го пријавите со пополнување на формуларот . Рокот за пријавување е до 16 часот на 1 декември 2008 година.
Започнува изборот на кандидати за Наградата на Светскиот самит 2009 за Македонија
Наградата на Светскиот самит (World Summit Award – WSA) е глобална
иницијатива за избор и промоција на најдобра е-содржина којашто започна
да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за
информатичко општество на Обединетите Нации во Женева. Процесот се
одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат
на секои две години и голем број национални и меѓународни конференции и
работилници посветени на содржините.
|
|
|
|
|

|
|
Конференција за креативни содржини на интернет |
|
|
|
19.05.2008. |
|
Словенечкото претседателство срдечно Ве поканува на конференцијата
„Креативни содржини на интернет“кофинансирана од Европската комисија
што ќе се одржи од 4 до 6 јуни, 2008 г., во Брдо - Словенија.
Главната цел на конференцијата „Креативни содржини на интернет “ е да се испитаат постапките со дополнителна вредност кои би можеле да се применат на европско ниво со цел да се подобри конкурентноста на производството на европски онлајн содржини и дистрибутивната индустрија додека истовремено се подобрува културниот диверзитет на Европските индустрии на културата.
Конференцијата ќе отвори дебата за тоа како да се промовира создавањето, производството, пристапноста на интернет и „потрошувачката“ на квалитетни дигитални содржини на интернет. Промоцијата на креативни содржини на интернет оди рака под рака со зајакнувањето на Европските вредности кај европските граѓани и воопшто, глобализираниот свет. Фокусот на конференцијата се дигиталните содржини со потенцијал за пренесување на културни вредности на европско, државно и локално ниво. На предизвиците од таканаречените „културни и креативни содржини“ дистрибуирани преку новите комуникациски технологии треба да им се пријде на посебен начин според диверзитетот на културните изразувања, особено од гледна точка на онлајн содржините, медиумската писменост, мобилната телевизија, моделите на лиценцирање и бизнис.
Конференцијата ќе собере експерти, креатори на политики и заинтересирани страни. Инспирирана е од Коминикето за креативни содржини на интернет на единствениот европски пазар на Европската комисија и Коминикето за медиумската писменост во дигиталната околина.
На конференцијата ќе има четири главни сесии на следниве теми:
-
Нови бизнис модели за онлајн дистрибуција на содржини;
-
Пиратство и правни понуди;
-
Менаџмент на авторските права на интернет;
-
Медиумска писменост и културен диверзитет.
Во прилог е нацрт-програмата и практични информации во врска со организацијата на настанот и сместувањето, како и упатства за пополнување на пријавата за акредитација.
Бројот на слободни места е ограничен. Поради тоа, може да присуствува само по едно лице од една компанија или организација. Од учесниците се очекува да ги покријат сите свои трошоци како и трошокот за сместување и нивниот лет до и од Љубљана.
Извор: Europe's Information Society "Content Online for Creativity"
(3369 hits/посети) |
|