Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Конференција за креативни содржини на интернет
Конференција за креативни содржини на интернет Испечати Е-пошта
19.05.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Словенечкото претседателство срдечно Ве поканува на конференцијата „Креативни содржини на интернет“кофинансирана од Европската комисија што ќе се одржи од 4 до 6 јуни, 2008 г., во Брдо - Словенија.


Главната цел на конференцијата „Креативни содржини на интернет “ е да се испитаат постапките со дополнителна вредност кои би можеле да се применат на европско ниво со цел да се подобри конкурентноста на производството на европски онлајн содржини и дистрибутивната индустрија додека истовремено се подобрува културниот диверзитет на Европските индустрии на културата.

Конференцијата ќе отвори дебата за тоа како да се промовира создавањето, производството, пристапноста на интернет и „потрошувачката“ на квалитетни дигитални содржини на интернет. Промоцијата на креативни содржини на интернет оди рака под рака со зајакнувањето на Европските вредности кај европските граѓани и воопшто, глобализираниот свет. Фокусот на конференцијата се дигиталните содржини со потенцијал за пренесување на културни вредности на европско, државно и локално ниво. На предизвиците од таканаречените „културни и креативни содржини“ дистрибуирани преку новите комуникациски технологии треба да им се пријде на посебен начин според диверзитетот на културните изразувања, особено од гледна точка на онлајн содржините, медиумската писменост, мобилната телевизија, моделите на лиценцирање и бизнис.

Конференцијата ќе собере експерти, креатори на политики и заинтересирани страни. Инспирирана е од Коминикето за креативни содржини на интернет на единствениот европски пазар на Европската комисија и Коминикето за медиумската писменост во дигиталната околина.

На конференцијата ќе има четири главни сесии на следниве теми:

  • Нови бизнис модели за онлајн дистрибуција на содржини;
  • Пиратство и правни понуди;
  • Менаџмент на авторските права на интернет;
  • Медиумска писменост и културен диверзитет.


Во прилог е нацрт-програмата и практични информации во врска со организацијата на настанот и сместувањето, како и упатства за пополнување на пријавата за акредитација.

Бројот на слободни места е ограничен. Поради тоа, може да присуствува само по едно лице од една компанија или организација. Од учесниците се очекува да ги покријат сите свои трошоци како и трошокот за сместување и нивниот лет до и од Љубљана.

Извор: Europe's Information Society "Content Online for Creativity" 


(2910 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]