Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна
ТОП ВЕСТ
Srekni Praznici

Прв работен ден на фондацијата Метаморфозис во новата година ќе биде 12-ти јануари.

 

Стартувајте Линукс апликации во Виндоуз околина Испечати Е-пошта
21.05.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Основачот на Мандрејк Линукс, Гаел Дувал е повторно актуелен со промоцијата на виртуелната работна околина за Линукс која работи на Виндоуз машини. Виртуелната работна околина Алтио на корисниците им овозможува пристап до мноштво Линукс апликации на нивната работна околина.

За разлика од софтверот за виртуелизација од типот на Врчуал Бокс и ВМВер, виртуелната работна околина Алтио се базира на коЛинукс, кој овозможува два система да работат паралелно на иста платформа. Користењето на коЛинукс значи дека Алтио „нуди перформанси слични со матичната инсталација на хардверот бидејќи не користи софтвер за виртуелизација“, велат од одделот за програмирање.

Кога ќе ја инсталирате, виртуелната работна околина Алтио нуди посебно мени кое може да се користи за стартување на голем број добро познати апликации со отворен код меѓу кои и софтвер со поддршка за повеќе апликации за инстант пораки како Копити и музички плеери како Амарок и многу други.

Во Алтио исто така се вклучени автоматски систем и програмски закрпи како и синхронизација на документи кај сите Алтио системи. Апликациите лесно можат да пристапат до документите на корисникот во папката Мои документи, а исто така има поддршка за звук и печатење.

Виртуелната работна околина Алтио може слободно да ја симнете.

Извор: Тектоник "Run Linux applications on Windows" 20 мај, 2008.


(3873 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]