|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Конференција „е-Демократија 2008“ во Талин, Естонија
|
|
|
|
Конференција „е-Демократија 2008“ во Талин, Естонија |
|
|
|
22.05.2008. |
|
На 5 јуни ќе се одржи конференцијата „е-Демократија 2008 - Можности за
граѓанско учество во информатичкото општество“, во салата за
прес-конференции на Министерството за надворешни работи на Естонија.
Оваа година вниманието ќе биде насочено кон можностите кои ги обезбедуваат ИКТ и интернетот за граѓаните да учествуваат во процесот на донесување на одлуки. Новиот портал за владино учество ОСАЛЕ претставува нов начин за изразување на мислењето на Естонците. Исто така ќе биде претставена новата алатка за учество, ТИД+, која во моментот се подготвува со поддршка од Европската унија и која ќе му биде достапна на секого. ТИД+ се базира на искуствата од порталот за директна демократија (ТОМ) кој се користи во Естонија уште од 2001 г.
Минатата година, на конференцијата „е-Општество.Мк 2007“ која се одржа на 29 и 30 ноември во организација на фондацијата Метаморфозис, г-а Неле Леоск, претставник од Естонската Академија за е-управување го претстави порталот Тана Отсустан Мина – ТОМ (Денес јас одлучувам) како пример за добра пракса од ЕУ .
Понатаму, конференцијата ќе се фокусира на анализата на естонските гласачки искуства и идните перспективи, планови и случувања. Исто така ќе се слушнат мислења околу тоа дали и до кој степен учеството и влијанието на Новите медиуми влијае на политиката и ја обликува демократијата.
Конференцијата ја организира Академијата за е-управување во соработка со државната канцеларија и Изборниот комитет и е делумно финансирана од Европската комисија. Присуството е бесплатно, но потребно е да се регистрирате.
Повеќе информации околу конференцијата и начинот на регистрација можете да најдете на веб-сајтот на Академијата за е-управување.
(2981 hits/посети) |
|