|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Трето меѓународно биенале на современа уметност во Букурешт, Романија
|
|
|
|
Трето меѓународно биенале на современа уметност во Букурешт, Романија |
|
|
|
23.05.2008. |
|
Македонскиот уметник Оливер Мусовиќ меѓу учесниците на биеналето (23 мај-21 јуни, 2008.)
Биеналето во Букурешт (ББ) ја промовира свеста за културата и нејзиното распространување, особено во областа на уметноста, преку размена и културна соработка во Европа и пошироко.
ББ има за цел да ја поттикне креативноста на уметниците, јавниот пристап до културата, распространувањето на уметноста и културата, меѓу-културниот дијалог и познавањето на историјата и културното наследство на Европејците, но и на оние надвор од Европа.
Кураторите на Третото Букурешко Биенале избраа 38 учесници од 21 земја кои ќе подготват 44 проекти. Претставникот од Македонија - Оливер Мусовиќ ја користи лиценцата Криејтив комонс за материјалите кои ги објавува во дигитална форма на неговиот веб-сајт.
Оливер Мусовиќ е роден во Скопје во 1971. Дипломирал (1997) и магистрирал (2004) на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Живее и работи во Скопје. Приредил повеќе самостојни изложби во Скопје, Никшиќ, Цетиње, Белград, Љубљана, Босвил (Швајцарија), Аделаид (Австралија). Учествувал во голем број македонски и меѓународни изложбени проекти.
(3079 hits/посети) |
|