|
Во време кога се покренуваат нови обвиненија против Мајкрософт, од
гигантската компанија на 9 мај 2008 соопштија дека поднеле жалба до
Првостепениот суд во Луксембург за казната од 899 милиони евра изречена
во февруари 2008 г. од страна на Европската комисија (ЕК) поради
злоупотреба на доминантната позиција на пазарот.
„Ја поднесуваме оваа жалба како наша конструктивна заложба за барање објаснување од судот,“ стои во изјавата на компанијата. Основното прашање во спорот е начинот на кој Мајкрософт им ги лиценцира патентите и протоколите за интероперабилност на своите конкуренти. Во февруари, Мајкрософт објави поголем број иницијативи за интероперабилност кои би обезбедиле поголема интероперабилност помеѓу производите на Мајкрософт и оние на конкурентите, вклучително и објавувањето на сите подробности од програмските интерфејси за своите најмногу користени апликации и производи. ЕК аргументира дека условите за лиценцирање се неупотребливи кај проектите за софтвер со отворен код, бидејќи сè уште подлежат на надомест за авторски права. Од друга страна, Мајкрософт смета дека условите на ЕК ги нарушуваат неговите права на интелектуална сопственост.
На 13 мај 2008 г., Британската образовна агенција за комуникации и технологија (БЕКТА) исто така поднесе жалба до ЕК против „анти-конкурентските практики за лиценцирање“ откако претходно ја поднесе истата жалба во Велика Британија до Канцеларијата за фер тргување (ОФТ), Британскиот регулатор за конкуренција.
БЕКТА смета дека слабата компатибилност помеѓу стандардот за документи OOXML на Мајкрософт и алтернативните кодови, како на пример ОДФ е намерна, бидејќи гигантот „одби да понуди еквивалентна поддршка за Отворениот Формат на Документи (ОДФ) одобрен од Меѓународната организација за стандарди (ИСО).“ Стивен Луси, извршен директор за стратешки технологии во БЕКТА, исто така изјави: „Кога се создаваат бариери пред успешната интероперабилност, не им се наштетува единствено на интересите на конкурентите и поширокиот пазар, туку и на интересите на образовните и организациите за обука, учениците, наставниците и родителите.“
Во својата жалба до ОФТ, БЕКТА аргументира дека Мајкрософт обезбедил далеку подобра поддршка за сопствените технички протоколи отколку за стандардните во таа индустрија. „Оваа одлука резултираше со барање од корисниците да симнуваат и инсталираат голем број конвертори за да можат да постигнат интероперабилност со конкурентските производи“, се вели во соопштението на агенцијата.
Како одговор на жалбата на БЕКТА, КомпТИА, индустриско здружение во кое членува Мајкрософт, на 14 мај објави соопштение во кое се нагласува дека „функционалниот ИКТ пазар овозможува огромен избор и решенија, кои ја зголемуваат целокупната интероперабилност и широката употреба на конкурентните производи и услуги од областа на ИКТ“.
Иако ОФТ исто така се сложи со тоа БЕКТА да ја поднесе жалбата до ЕК, сè уште не донела своја одлука по тоа прашање.
Microsoft appeals record EC fine (13.05.2008)
Microsoft's EU legal troubles continue (14.05.2008)
Education agency complains to Brussels about Microsoft (15.05.2008)
Microsoft challenges 899 million fine(12.05.2008)
EDRI-gram: Opera complains to the EC on Microsoft's Internet Explorer (19.12.2007)
Извор: ЕДРИ-грам „Microsoft appeals the EC fine but faces even more complaints“ Број 6.10, 21 мај, 2008 г.
(3078 hits/посети) |