Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Лаптоп-компјутерот од 100 долари го прифаќа Виндоуз „икс-пе“
Лаптоп-компјутерот од 100 долари го прифаќа Виндоуз „икс-пе“ Испечати Е-пошта
29.05.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Мајкрософт ги здружи силите со програмерите на „лаптоп-компјутерот од 100 долари“ за во иднина Виндоуз да биде поддржан на тие машини.

На ова инсистираа земјите кои за да направат нарачки го бараа оперативниот систем Виндоуз. Пробни лаптоп-компјутери со инсталиран Виндоуз ќе бидат испорачани во „четири до пет земји“ почнувајќи од јуни, велат организациите.

Иницијаторот на проектот „Лаптоп за секое дете“ (ОЛПЦ) , од кој произлегоа овие компјутери, демантираше дека ова е „нова очајна мерка“ за обезбедување на поголем број нарачки. Кој сака да се обложи дека владините сектори одговорни за образованието, кои веќе се далеку позапознаени со оперативниот систем на Мајкрософт ќе сакаат да мигрираат на алтернативата Линукс?

„Иако е точно дека проектот не зема замав како што очекував и најавував, одредени земји низ светот... секогаш беа многу, многу упорни во својата намера да го добијат Виндоуз како опција,“ изјави Николас Негропонте за Бибиси Њуз. Досега, машините познати како XO, се нудеа само со оперативниот систем Линукс со отворен код.

Меѓутоа, некои од останатите не се расфрлаа со пофалби за можностите кои ги нуди Виндоуз:

„ОЛПЦ не треба да верува во глупостите дека Виндоуз ќе претставува потреба за бизнисот откако децата ќе пораснат,“ напиша Иван Крстиќ на неговиот блог, кој неодамна си даде отказ од ОЛПЦ.
„Многу луѓе го бараат Виндоуз затоа што израснале со него. Ако поради проектот ОЛПЦ милијарда луѓе израснале со Линукс, тогаш и тој би бил одличен за бизнисот.“

Г. Крстиќ рече дека бил ентузијаст во однос на тоа дека Шугар ќе биде достапен на „најраспространетиот постоечки оперативен систем “ но е против тоа Виндоуз да стане „единствениот оперативен систем кој ОЛПЦ ќе го понуди за лаптопот XO“. “ОЛПЦ не треба да се претвори во средство за создавање на економски стимулации за одреден продавач, “ напиша Крстиќ.

Иако професорот Негропонте изјави дека не му била таква намерата, сепак не можеше да ја исклучи можноста оперативниот систем „икс-пе“ да биде единствената понуда во иднина. „Ако тоа е начинот на кој ќе се одвиваат работите, тогаш тоа е тоа. Ние сме во образовниот бизнис во кој оперативниот систем е помалку важен,“ изјави Негропонте за Бибиси Њуз.

„Сè зависи од тоа што ќе изберат владите и образовните институции,“ додаде Џејмс Учнајдер од Мајкрософт.

 

Извор: Бибиси  " '$100 laptop' embraces Windows XP "


(3559 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]