|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Неограничен извор на интернет адреси во Европа до 2010
|
|
|
|
Неограничен извор на интернет адреси во Европа до 2010 |
|
|
|
30.05.2008. |
|
Сè поголемата побарувачка за интернет услуги е предупредување дека
доколку не се преземат мерки, наскоро нема да има доволно адреси за да
се одржи очекуваниот развој.
Поттикнувањето на интернет провајдерите и корисниците да го усвојат најновиот интернет протокол (Интернет Протокол верзија 6 или ИПв6) ќе доведе до масовно зголемување на просторот за адреси, на сличен начин како додавањето цифри на телефонските броеви во 20-от век. Европската комисија денес ја постави целта од 25 отсто која Европа треба да ја оствари во индустријата на ЕУ во однос на тоа колку државните власти и домаќинствата ќе го користат ИПв6 do 2010 г., повикувајќи на заедничка акција на европско ниво со цел да се подготват сите чинители за навремена, ефикасна промена со која би се избегнале дополнителните трошоци за потрошувачите и би им се овозможила конкурентна предност на иновациските европски компании.
„Подобро да се спречи отколку да се лечи“, изјави Вивиен Рединг, Комесарот на ЕУ за информатичко општество и медиуми. „Краткорочно гледано, бизнисите и државните органи можеби би сакале да ги сместат своите потреби во тесната лудачка кошула на стариот систем, но тоа би значело дека Европа е лошо позиционирана за искористување на предностите од најновата интернет технологија, и би можела да се соочи со криза кога ќе снема адреси во стариот систем. Со ИПв6 во сајбер-просторот ќе има повеќе адреси отколку зрна песок на светските плажи. Доколку Европејците ги користат најновите интернет уреди како што се „смарт“ таговите во продавниците, фабриките и аеродромите, интелигентните системи за греење и осветлување кои штедат енергија, мрежните и навигациски системи во автомобилите, тогаш би се соочиле со неколку илјади пати поголема побарувачка на ИП адреси. Ги повикувам земјите-членки да обезбедат дека државните власти и индустријата ќе ја подготват ИПв6 до 2010 година.“
Извор: Европско информатичко општество “An unlimited source of Internet addresses to be on stream in Europe by 2010” 27 мај, 2008.
(3035 hits/посети) |
|