| Македонија: Истрага за испраните 6.7 милиони евра во „Телеком“ |
|
|
|
| 02.06.2008 |
|
Министерството за внатрешни работи го испитува криминалот во „Телеком“.
А1 дознава, секторот за економски криминал побарал увид во
документацијата на фиксниот оператор за да ги провери констатациите
дека во „Мактел“ се испрани 6,7 милиони евра.
Податоците за финансискиот скандал што неделава ги објави „Маџар Телеком“ (чиј доминантен сопственик е Дојче Телеком) одат и под лупа на надлежните институции во земјава. Според информациите, во МВР ќе бидат повикани на разговор и дел од поранешните директори во „Телеком“ како и оние кои со години алармираа дека во компанијата се работи незаконски. Извор: А1 „Отворена истрага за криминалите во Телеком" 23.05.2008 |