Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Франција: Министерството за образование поттикнува употреба на софтвер со отворен код
Франција: Министерството за образование поттикнува употреба на софтвер со отворен код Испечати Е-пошта
4.06.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Секторот за набавка на софтвер и софтверски лиценци при француското Министерство за образование ја зголемува својата понуда на софтвер со отворен код за 1.5 милиони наставници и просветни работници во 250 институти низ Франција.

На овој начин Доминик Верез, портпарол на “Софтверската група за високо образование и истражување“, го опишува договорот што тие го потпишаа со „Мандрива“ , француска компанија која произведува ГНУ/Линукс дистрибуција под истото име. Минатиот месец двете страни се договорија за попуст од 60 отсто за купување на комерцијалната верзија на слободниот софтвер за сите наставници и персоналот во француските училишта и универзитети. „Сакаме да промовираме алтернативни решенија, да понудиме поголем избор и нашите корисници помалку да зависат од продавачите на софтвер.“

Според Верез, во моментот едвај 10 проценти од француските школи и универзитети кои нудат постдипломски студии користат некој вид на ГНУ/Линукс. Тој вели дека сличен процент на корисници има и оперативниот систем Мек о-ес икс. „Мнозинството сè уште користи производи на Мајкрософт.“

Секторот преговара со продавачите на софтвер во име на француските школи и универзитети со постдипломски студии и се грижи за распространување на апликациите.

Договорот за попуст склучен со Мандрива ќе важи во наредните четири години. Не е евидентирано колкав број од француските школи и универзитети со постдипломски студии денес ја користат дистрибуцијата Мандрива на ГНУ/Линукс, рече Верез.

Извор: ИДАБЦ "FR: Education Ministry encourages Open Source use" 29 мај, 2008.


(4366 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]