Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Бугарија: Сè поголема употреба на слободен софтвер од страна на Владата
Бугарија: Сè поголема употреба на слободен софтвер од страна на Владата Испечати Е-пошта
5.06.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Бугарската Влада сè повеќе ќе преминува кон софтвер со отворен код, предвидува Красимир Панајотов, координатор на корисничката група на ГНУ/Линукс во Рус, петтиот по големина град во земјата.

Групата поборници за софтвер со отворен код се уверени дека јавната администрација на Бугарија која мигрира кон овој вид на софтвер е свесна за намалувањето на трошоците за ИТ и подобрувањето на безбедноста на нивните системи. Со цел што повеќе луѓе да дознаат за тоа, корисничката група следниот месец ќе организира презентации на софтверот специјално прилагодени на вработените во државната администрација.

Презентациите на софтверот ќе се случат или на 14 или на 21 јуни, вели Панајотов, во зависност од тоа кога ќе биде слободна салата за конференции во Универзитетот Ангел Канчев. Освен што ќе им докаже на владините претставници колку е лесно мигрирањето кон слободен софтвер, групата планира да ги презентира најпознатите дистрибуции на софтвер со отворен код, вклучително и ФриБСД.

Ентузијастите за ГНУ/Линукс од Рус се исто така зафатени со организирање на четвртата годишна конференција Опенфест, закажана за оваа есен. Оваа конференција за софтвер со отворен код сè повеќе ги привлекува претставниците на јавната администрација, вели Панајотов. „Некои од нашите редовни учесници се ИТ персонал од локалната Царинска управа.“

Непрофитната корисничка група на ГНУ/Линукс беше основана минатата година. Нејзината цел е да обезбеди информации околу употребата на ГНУ/Линукс и други апликации со отворен код. Групата планира редовно да организира јавни настани за дискусија и презентирање на овој вид на софтвер.

Панајотов смета дека презентациите на слободен софтвер во јуни ќе помогнат да се убедат локалните ИТ администратори барем да го пробаат. „Оние од јавната администрација кои користат стандарден софтвер за канцелариска работа, можат веднаш да преминат на алтернативни софтверски решенија со отворен код.“

Извор: IDABC - BG: 'Government's increasing use of Open Source inevitable' 29 мај, 2008.


(3577 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]