|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Едукациите за безбедно користење на интернет се во тек
|
|
|
|
Едукациите за безбедно користење на интернет се во тек |
|
|
|
6.06.2008. |
Над 4300 деца, родители и наставници од цела Македонија се опфатени со активностите за безбедно користење на интернет од страна на децата, кои се одвиваат во 28 основни и средни училишта, во рамките на проектот Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет кој го спроведува Фондацијата „Метаморфозис“.
Целта на проектот е подигање на јавната свест за добрите страни на интернетот, но истовремено и за справување со потенцијалните опасности. Во таа насока подготвени се едукативни публикации, изработен е веб-сајт и се држат интерактивни предавања во 28 училишта во нашата земја кои ги опфаќаат учениците, родителите и наставниците. Активностите ги спроведуваат обучени членови на мрежа од 11 невладини организации кои се занимаваат со правата на децата или човековите права воопшто. До 10 јуни ќе бидат опфатени 16 основни и 12 средни училишта, и тоа во 18 со македонски и 10 со албански наставен јазик.
Сите едукативни материјали се испечатени на македонски и албански јазик и се достапни за преземање и во електронска форма од веб-сајтот „Безбедно на интернет“ преку адресите: www.bezbednonainternet.org.mk, www.internetisigurt.org.mk и www.crisp.org.mk.
Носител на проектот Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет (Childrens Rights on the Internet – Safe and Protected, или CRISP) е Фондацијата „Метаморфозис“. Проектот се спроведува со поддршка од Европската Унија, во соработка со Првата детска амбасада во светот – „Меѓаши“ и Дирекцијата за заштита на личните податоци на РМ.
(4979 hits/посети) |
|