|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Награди за мултимедија „Јуропри 2008“
|
|
|
|
Награди за мултимедија „Јуропри 2008“ |
|
|
|
10.06.2008. |
|
Имате помалку од 30 години, студирате на европски универзитет или
работите како продуцент на мултимедија? Работите на интересен
мултимедијален проект? Сметате дека вашиот проект треба да добие
меѓународно признание?
Во тој случај, Наградите за мултимедија „Јуропри 2008“ се одлична можност за Вас!
Категории за кои може да конкурирате:
- Веб проекти
- „Офлајн“ проекти / Интерактивни ДВД снимки
- Апликации за мобилни уреди
- Игри
- Интерактивна компјутерска графика
- Интерактивни инсталации
- Интерактивна телевизија
- Содржински алатки и дизајн на интерфејс
- Дигитални видеозаписи и анимации
Придобивки:
Возбудливо патување (полн пансион) на Фестивалот „Јуропри“ во Грац, Австрија (27-29 ноември, 2008 г.) софтверски пакети, презентација на вашиот проект во годишникот на „Јуропри“, награди за дизајн, европска промоција и одлична можност за остварување контакти.
Специјална награда на Инскејп: Интерактивно раскажување.
За специјалната награда Инскејп може да конкурираат сите интерактивни раскази и проекти реализирани со софтверот на Инскејп, достапен за отворената заедница на http://inscapers.com или
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Наградата за победничкиот проект е нов лаптоп-компјутер со преинсталиран софтверски пакет од Инскејп.
Регистрирајте се веднаш. Крајниот рок за регистрација е 30 јуни, 2008 г.
Повеќе информации на: www.europrix.org
(2514 hits/посети) |
|