Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow КОМУНИЈА: Конференција за јавниот домен во дигиталното доба
КОМУНИЈА: Конференција за јавниот домен во дигиталното доба Испечати Е-пошта
10.06.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Главна тема на конференцијата ќе биде Процената на економското и општественото влијание на дигиталниот јавен домен во Европа.

Првата конференција КОМУНИЈА 2008 ќе се одржи на 30 јуни и 1 јули, 2008 г., во Лувен-ла-Нув, Белгија (30 км јужно од Брисел). Конференцијата се организира во соработка со Тематската мрежа на Комунија и Иницијативата GICSI-EU.

Конференцијата има за цел да покрене едно „пробно вршење на попис“ за влијанието на иницијативите на јавниот домен во полето на информации од јавниот сектор, библиотеките, архивите, научните истражувања и креативните дела во Европа. Настанот е главно насочен кон промовирање на јавниот домен преку изградба на капацитетот за научна процена на општествените и економски влијанија, и кон промовирање на анализата на законските пречки. Конференцијата ќе се осврне на опширните информации за практиките на слободен пристап кои се достапни, иако често на неформален начин, кај големите мрежи и заинтересирани страни низ Европа.

Следниве теми ќе бидат опфатени во текот на конференцијата:

Кои се целите на делата кои се заеднички и пристапот до нив е слободен?
Кои се постојните правни, институционални и нормативни механизми кои се усвојуваат со различни иницијативи за слободен пристап во полето на информации од јавниот сектор, библиотеки, архиви и креативни дела во Европа?
Како да се процени економското и општественото влијание на одбраните случаи?

Предност ќе имаат трудовите кои ги покриваат следниве области:

1. Библиотеки и архиви
2. Информации од јавниот сектор
3. Креативни дела
4. Научни истражувања
5. Посредници во издаваштво
6. Нови прашања

Повикот за прибирање на трудови има тројна цел:

1. Да се создаде прирачник за употребата на лиценците за слободен пристап (во различни форми) во ЕУ,
2. Да се проценат општествените и економските придобивки од иницијативите за слободен пристап,
3. Да се дискутира за предлозите за намалување на економските и законските пречки.

Меѓу членовите на мрежата КОМУНИЈА е и Фондацијата Метаморфозис.

Извор: Комунија "COMMUNIA conference on Public Domain in the Digital Age"

 


(2654 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]