Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow ЕУ ќе ги удвои инвестициите за истражување и развој на роботиката
ЕУ ќе ги удвои инвестициите за истражување и развој на роботиката Испечати Е-пошта
16.06.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
По повод АУТОМАТИКА 2008, еден од водечките меѓународни саеми за роботика и автоматика кој се одржа годинава во Минхен, Германија, Европската комисија најави нова политика за унапредување на европската роботика.

Европската унија во периодот од 2007 до 2010 г., ќе ги удвои инвестициите за истражувања за европската роботика со речиси 400 милиони евра.
Оваа амбициозна програма има за цел да ги зајакне врските помеѓу академските институции и индустријата, и планира да финансира широко експериментирање од страна на академските истражувачи и индустријата, и планира да финансира широко експериментирање од страна на академските истражувачи и индустријата. Европската комисија исто така апелира до индустријата да ги интензивира напорите за произведство на некои битни компоненти во Европа, како на пример запчаници, со цел да се справи со конкуренцијата од Азија и да избегне стратешка зависност од други региони во светот.

„Навистина има големи можности за индустриите за автоматика во Европа – особено за роботиката – не само за одржување на водството, туку и за натамошен развој и искачување на вредносната скала,“ изјави Вивиен Рединг, Европскиот комесар за информатичко општество и медиуми. „За да го постигне тоа, индустријата треба да ги зголеми своите заложби во неколку области.“

Европската унија денес има силна позиција во однос на индустриските роботи за автоматизација: околу една третина од сите индустриски роботи се произведуваат во Европа. Стапката на раст на пазарот за роботика ќе формира важен дел од светската економија во текот на наредните две декади: Меѓународната федерација за роботика (МФР) го проценува тековниот светски пазар за индустриски роботи на околу 4 милијарди долари и предвидува годишно зголемување од 4.2 отсто до 2010 г.

Сервисните роботи кои работат надвор од доменот на производство нудат можности за нова примена и ширење на пазарот: според МФР, развојот на овој пазар се очекува да достигне од 10 до 15 проценти на годишно ниво од сега до 2010 г., и бројот на професионални сервисни роботи ќе се искачи од 40.000 во 2006 до 75.000 во 2010. Сервисните роботи се користат во многу сектори, на пример за дистрибуција на стоки, за чистење на возила, во земјоделството и во медицината.

Роботиката има стратешко значење за конкурентноста на Европа во иднина. Со автоматизацијата во Европа, производството ќе се одржува само во областите каде платите се поголеми. Автоматизацијата исто така игра клучна улога во обезбедувањето на одржливо производство и минимизирањето на нерационалната употреба на ресурси. Конечно, таа ќе му помогне на европското општество кое сè повеќе старее компензирајќи за намалената работна сила.

Во рамките на програмата за истражување тешка 400 милиони евра, Европската комисија презема чекори за воспоставување на систем за технолошки трансфер помеѓу академските институции и индустријата со што им се овозможува на европските лаборатории за истражување да користат роботи со индустриска моќ за експерименти од големи размери. Научното знаење кое ќе се добие, ќе биде директно пренесено до компаниите кои учествуваат.

Освен за истражување, европската индустрија ја признава и потребата за намалување на зависноста од критичните компоненти - погони, запчаници и мотори. Европската комисија исто така ја поттикнува индустријата да постигне договор за техничките стандарди и да развие бизнис модели во овие области со цел да се обезбеди одржливо снабдување со тие битни компоненти.

Извор: Europe's Information Society "EU to double its R&D investment in robotics" 10 јуни, 2008.


(2472 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]