|
Првата меѓународна конференција „Слободно знаење, слободна технологија“
ќе се одржи од 15 до 17 јули, 2008 г., во Барселона, Шпанија.
Конференцијата „Слободно знаење, слободна технологија“ (ФКФТ) е првиот меѓународен настан кој ќе се фокусира на производство и споделување на образовни и материјали за обука во областа на слободен софтвер и отворени стандарди. Со цел да се промовира слободниот софтвер и да се сподели слободното знаење, конференцијата ФКФТ 2008 ќе зближи стотици лица од различни континенти, вклучувајќи и владини претставници, училишни и универзитетски професори, ИТ компании, издавачи и НВОи. Со собирањето на луѓе од сите овие групи, целта е да се стимулира сегашната и идната соработка помеѓу различни дисциплини, сектори и држави преку програмите за слободен софтвер и споделувањето на успешни искуства во врска со слободниот софтвер и слободните технологии.
Проектот СЕЛФ се погрижи за содржината на конференцијата и има цел да изгради силни врски помеѓу присутните. Програмата е всушност елегантна мешавина од воведни говорници, панел дискусии и паралелни сесии на теми од типот на „општествените импликации на слободното знаење и слободните технологии, технолошките аспекти на е-учењето, стандардите за учење, слободниот софтвер во општеството, правните прашања во однос на слободното знаење, слободното знаење во државните органи, платформата СЕЛФ“, и многу други.
Голем број меѓународни учесници се пријавија за присуство на конференцијата ФКФТ, како и еминентни воведни говорници. Одбраните сесии може да се најдат на интернет на http://FKFT.eu/2008.
Пионерот на концептот за слободен софтвер и иницијатор на проектот ГНУ, Ричард Столмен ќе ја отвори конференцијата „Слободно знаење – слободна технологија“ на 15 јули. На конференцијата ќе може да се присуствува бесплатно, со претходно регистрирање. Испратете имејл со наслов „RMS registration“ и вашето име на
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Во образовната сесија, воведен говор ќе одржи Стивен Даунс, еден од најважните мислители околу тоа како технологијата денес го менува образованието. Ќе има презентации, панели за дискусија и работилници, на пример од проекти за образовен софтвер, слободен софтвер во училиштата, високото образование и обуките. Секако, ќе има и сесии за разни аспекти на платформата СЕЛФ и иднината на СЕЛФ.
Карел де Ринт од Европската комисија (ИДАБЦ) ќе говори за отворените стандарди и слободниот софтвер на европско ниво, додека Карлос Кастро ќе даде преглед на Екстремадура, шпанскиот регион кој инспирира многу влади низ светот со својот стратешки план за слободен софтвер и дигитална писменост. Освен тоа, ќе има презентации и од Сенатик, шпанскиот национален центар за слободен софтвер, и многу други.
За оние кои сакаат да знаат сè за технологијата што стои зад СЕЛФ, тимот на програмери ќе одржи еднодневна работилница пред конференцијата, во понеделник на 14 јули.
Извор: Free Knowledge Institute
(3488 hits/посети) |