|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
|
Насловна
|
|
ТОП ВЕСТ |
|
e-Society.Mk 2008
Четвртата меѓународна конференција „е-Општество.Мк“ ќе се одржи во Скопје, Македонија на 10 декември, 2008 г. Оваа година фокусот на конференцијата е користењето на информациско-комуникациските технологии во образованието. Вашето учество на конференцијата можете да го пријавите со пополнување на формуларот . Рокот за пријавување е до 16 часот на 1 декември 2008 година.
Започнува изборот на кандидати за Наградата на Светскиот самит 2009 за Македонија
Наградата на Светскиот самит (World Summit Award – WSA) е глобална
иницијатива за избор и промоција на најдобра е-содржина којашто започна
да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за
информатичко општество на Обединетите Нации во Женева. Процесот се
одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат
на секои две години и голем број национални и меѓународни конференции и
работилници посветени на содржините.
|
|
|
|
|

|
|
Лов на блогери |
|
|
|
19.06.2008. |
Бројот на уапсени блогери во светот го достигна рекордното ниво, пишува
во годишниот извештај на универзитетот Вашингтон, кој открива дека
најчеста мета се оние кои ја критикуваат владата и разоткриваат случаи
со кршење човекови права.
Од 2003-та година, 64 лица завршиле зад решетки само затоа што ги објавиле своите критички мислења на блог. Повеќе од половината биле уапсени во Кина, Египет и Иран. Во споредба со 2006-та година, лани бројот на апсења бил зголемен дури за три пати и тоа најмногу од политички причини.
Како најчест повод за затворање се издвојуваат откривањата случаи со корупција внатре во владата, случаи со кршење на човекови права или забрана за одржување протести. Зголемениот број апсења е доказ за важноста на политичката улога на блоговите.
Просечната затворска казна која ја заработуваат уапсените блогери изнесува 15 месеци а најдолгата изречена казна, која и е позната на јавноста е 8 години.
Се претпоставува дека реалната бројка на уапсени блогери е многу поголема од објавената. Комитетот за заштита на блогери објави информација за 344 уапсени лица во Бурма, за кои се верува дека имаат свој блог. Но, тој податок сè уште не е потврден.
Извор: Он.нет „Лов на блогери“
Повеќе информации за работата на блогерите во Куба, Египет и Малезија се достапни на веб-сајтот Глобал војсис онлајн.
(3606 hits/посети) |
|