Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Лов на блогери
Лов на блогери Испечати Е-пошта
19.06.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Бројот на уапсени блогери во светот го достигна рекордното ниво, пишува во годишниот извештај на универзитетот Вашингтон, кој открива дека најчеста мета се оние кои ја критикуваат владата и разоткриваат случаи со кршење човекови права. Од 2003-та година, 64 лица завршиле зад решетки само затоа што ги објавиле своите критички мислења на блог. Повеќе од половината биле уапсени во Кина, Египет и Иран. Во споредба со 2006-та година, лани бројот на апсења бил зголемен дури за три пати и тоа најмногу од политички причини.

Како најчест повод за затворање се издвојуваат откривањата случаи со корупција внатре во владата, случаи со кршење на човекови права или забрана за одржување протести. Зголемениот број апсења е доказ за важноста на политичката улога на блоговите.

Просечната затворска казна која ја заработуваат уапсените блогери изнесува 15 месеци а најдолгата изречена казна, која и е позната на јавноста е 8 години.

Се претпоставува дека реалната бројка на уапсени блогери е многу поголема од објавената. Комитетот за заштита на блогери објави информација за 344 уапсени лица во Бурма, за кои се верува дека имаат свој блог. Но, тој податок сè уште не е потврден.

Извор: Он.нет „Лов на блогери“

Повеќе информации за работата на блогерите во Куба, Египет и Малезија се достапни на веб-сајтот Глобал војсис онлајн.
(3033 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]