Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна
ТОП ВЕСТ

e-Society.Mk 2008

esociety.mk Четвртата меѓународна конференција „е-Општество.Мк“ ќе се одржи во Скопје, Македонија на 10 декември, 2008 г. Оваа година фокусот на конференцијата е користењето на информациско-комуникациските технологии во образованието. Вашето учество на конференцијата можете да го пријавите со пополнување на формуларот . Рокот за пријавување е до 16 часот на 1 декември 2008 година. 

  Започнува изборот на кандидати за Наградата на Светскиот самит 2009 за Македонија

wsa145x160an Наградата на Светскиот самит (World Summit Award – WSA) е глобална иницијатива за избор и промоција на најдобра е-содржина којашто започна да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за информатичко општество на Обединетите Нации во Женева. Процесот се одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат на секои две години и голем број национални и меѓународни конференции и работилници посветени на содржините.

 

 

Јурак от Петроф објави е-книга под Криејтив комонс Испечати Е-пошта
19.06.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Интересен склоп од песни, интервјуа и фотографии кои го одбележуваат она што Јурак от Петроф го остава зад себе на својот блог, вчера беше објавен во вид на е-книга на порталот за авторски содржини, под Криејтив комонс лиценца.

jurak-ot-petrof
Хенк ова не го правел никогаш“ е насловот на делото објавено во PDF формат и слободно за преземање од страна на заинтересираната читателска публика. 

Одлуката да се објави ова дело под Криејтив комонс, Јуракот ја има донесено заради времето во кое живееме, или како што тој вели „дигитално и пиратско до коска“. Во продолжение, вели тој: „Оригиналите конечно умреа и на одреден начин тоа ме прави многу релаксиран. Всушност целиот концепт на оригиналност драматично е променет. Денес имаме една единствена копија, закачена на даден сервер и истата ја симнуваат и делат стотици, илјадници, а сето тоа се случува неверојатно брзо и речиси истовремено. Со ова оригиналноста останува во содржините на самото дело, а на авторот му се дава шанса да влезе во сите тие персоналци бивајќи дигитален ексклузивитет, чиста идеја, фикција - родно место на пораките што ги носи“.

Според него, делото конечно му се вратило на авторот и со ова завршило посредништвото, ограничените тиражи, цензурата - монополот над книжевноста, што подразбира кој смее, а кој не смее да објавува. „Сега 'продава' единствениот кој има одговорност тоа да го прави - авторот, а Криејтив Комонс одлично ја легитимира таа врска помеѓу авторот и неговото дело“, вели Јуракот.

„Хенк ова не го правел никогаш“ претставува колекција од 30 песни плус бонус, 2 интервјуа и 5 фотографии, сите создадени во периодот 2006-2008 година.

„Дизајнот за колекцијата е динамичен, тоа е класичен веб дизајн и уште едно дополнување кон идејата и прагматичната функционалност на мрежата.Песните се фиктивно поделени на 3. 3 нешта. Веројатно се тоа различни фази на осаменост пласирани во различно време. Тука се жените, пијачките, баровите.. љубовта, сексот.. и конечно, тука е отсуството на сето тоа. Изгледа дека минатото е искуство без некоја особена функција, еден вид на совет што задоцнил на целта,“ ја завршува мислата Јурак от Петроф.


(3997 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]