|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
|
Насловна
|
|
|
|
Комесарот за конкуренција на ЕУ ги поддржува отворените стандарди за е-власт |
|
|
|
20.06.2008. |
|
Комесарот за конкуренција на Европската унија, Нели Крос, јавно ја
поддржа употребата на слободен софтвер во е-власта, за време на јавниот
говор на семинарот организиран од Отворен форум Европа во Брисел на 10
јуни, 2008 г.
Крос ги поттикна јавните институции да користат отворени стандарди, истакнувајќи го позитивниот пример од Минхен каде се имплементираа отворени стандарди во локалните проекти за е-власт. Таа апелираше за поактивна улога на Европската комисија во промовирањето на отворените стандарди во апликациите за е-власт, преку применувањето на внатрешна политика со која би се избегнала набавката на комерцијален софтвер: „Комисијата мора да ја одигра својата улога. Не треба да се потпира на еден продавач, не треба да прифаќа затворени стандарди и мора да одбие да се заклучи во само една одредена технологија.“
Говорот на еврокомесарот е индиректна поддршка за петицијата Отворен парламент иницирана во март 2008 г., од страна на Отворен форум Европа, Европската асоцијација на софтверски пазари и Фондацијата Слободен Софтвер Европа со која се бараше од Европскиот парламент да го промени својот ИКТ систем со цел да се овозможи усвојувањето на отворени стандарди.
Крос исто така ги пофали придобивките од отворените стандарди: „Ниту еден граѓанин или компанија не треба да бидат принудени или поттикнувани да изберат затворена технологија наместо отворена само затоа што владата претходно направила таков избор.“ Таа исто така ги поттикна клиентите од бизнис секторот да дадат придонес преку промоцијата на отворените стандарди: „Знам што е паметна одлука за бизнисот. Избирањето на отворени стандарди е една навистина паметна одлука.“
Крос наведе поголем број на случаи со конкуренција во ИКТ кои ги истражува Комисијата во однос на ИКТ стандардите, наведувајќи ги како примери Епл, компанијата за мобилни телефони Квалком и производителот на чипови Рембус. Таа јасно алудираше на Мајкрософт кога ги спомна проблемите со добро познатите казни против производителот на софтвер од САД: „Комисијата досега немаше изречено две последователни парични казни во случај со нелојална конкуренција.“
Некои парламентарци отидоа чекор подалеку и ја прашаа Европската комисија дали на Мајкрософт би можело да му се забрани учество во европските јавните набавки бидејќи веќе бил казнет од Европската комисија. Хајди Риле, портпарол за политика на внатрешниот пазар на Партијата на зелените во Европскиот парламент, објасни дека во директивата за јавни набавки на ЕУ имало одредби со кои се дозволува исклучување на кандидатите од процедурите за јавни набавки доколку „биле осудени за прекршување на нивното професионално однесување со правосилна пресуда или за потежок прекршок во професионалното работење докажан со оправдани средства од страна на нарачателот.
Но Европската комисија во својот одговор ги отфрли овие аргументи, објаснувајќи дека според директивата, исклучувањето не е задолжително. Европската комисија тврдеше дека казната не се смета за „осудување за кривичен прекршок со конечна пресуда од еден суд“. Исто така, со втората одредба се бара „поединечна процена од случај до случај која може да се изврши единствено во рамките на една тековна процедура за набавка.“
Kroes calls for open standards in eGovernment (10.06.2008)
EU's Kroes: open standards are smart business move (10.06.2008)
European Commission won't exclude Microsoft from procurement procedures (13.06.2008)
Written Question: Microsoft - Implementation of Article 93 of the Financial Regulation (21.04.2008)
EDRi-gram: European Parliament criticized for not using open standards (12.03.2008)
Извор: EDRi-gram - "EU Competition Commissioner backs open standards in eGovernment" број 6.12, 18 јуни 2008
(1543 hits/посети) |
|