Македонски

Развиен Wordpress плагин за интегрирање на копче за Ping.Mk

Wordpress плагин (plugin) со кој ќе имате можност да додадете копче за пријавување на напис на македонскиот агрегатор за вести Ping.mk.

http://metamorphosis.org.mk/makedonija/razvien-wordpress-plagin-za-integriranje-na-kopche-od-ping.mk.html

Фондацијата Метаморфозис во нови простории

Новата адреса на Фондацијата Метаморфозис е ул. „Апостол Гусларот” бр. 40, Скопје, во близина на основното училиште „Јохан Хајнрих - Песталоци“.

Локација на Фондацијата Метаморфозис

Светски ден против цензурата на интернет

Репортери без граници ќе го одбележи Светскиот ден против цензурата на интернет на 12 март.  Овој настан има за цел да ги собере на едно место сите што поддржуваат единствен интернет, без ограничувања...

Свет | 10.3.2010

Кина најавува казни за хакерите, вели дека нема жалба од Google

Кина вети дека ќе ги казни хакерите кои го нападнале Google доколку постојат докази за тоа, но сè уште нема примено жалба од водечкиот светски интернет пребарувач.

Свет | 8.3.2010

Францускиот парламент настојува во својата цел да го цензурира интернетот

На 16 февруари, Националното собрание (Долниот дом на францускиот парламент), го усвои првиот нацрт на таканаречениот Закон Loppsi 2 со кој на властите им се овозможува да го контролираат интернетот п...

ЕДРИ | 5.3.2010

Германскиот претседател потпиша Закон за интернет со кој неговата влада не се согласува

И покрај фактот што германската влада одлучи да не го применува Законот за цензурирање на интернет (Zugangserschwerungsgesetz) предложен од страна на претходната влада во април 2009 година, германскио...

ЕДРИ | 3.3.2010

Конференција: „е-Панели: Промовирање на граѓанско учество и волонтерство во поширока Европа“

Центарот за регионални истражувања и соработка “Студиорум” и Асоцијацијата на локални агенции за демократија (АЛДА) организираат меѓународна конференција за започнување на проектот “Е-панели: Промовир...

Македонија | 2.3.2010

Првото дигитално дело на Жарко Кујунџиски објавено под Криејтив комонс

Минатата недела, порталот за креативни содржини достапни под Криејтив комонс го збогати делото „Ендрју, љубов и други непогоди“ од книжевниот уметник Жарко Кујунџиски. Книгата е првпат издадена во печ...

Македонија | 1.3.2010

Друго во: ЕДРИ, Свет, Македонија


Најголемата експанзија на интернет во 40 години – одобрена за имплементација
Париз, Франција: Бордот на Корпорацијата за доделување имиња и бројки на интернет (ИЦАНН) вчера ја одобри препораката која може да понуди цела низа на имиња кои ќе бидат воведени во системот за доделување адреси на интернет.

„Бордот денес ја прифати препораката од неговите глобални акционери дека е можно да се имплементираат многу нови имиња на интернет, на тој начин овозможувајќи експанзија на изборот и можностите за домен имиња“, изјави вчера Др. Пол Туајомеј, претседател и главен и извршен директор на ИЦАНН.

Финалната верзија од планот за имплементација мора да биде одобрена од бордот на ИЦАНН пред да започне новиот процес. Планирано е финалната верзија да биде објавена на почетокот на 2009 година.

„Потенцијалот е голем. Претставува сосема нов начин за изразување на луѓето на интернет“, вели Др. Туајомеј. „Тоа е масовен пораст на „недвижнините“ на интернет.

Моментално, корисниците се ограничени на употреба на 21 име на домен од прво ниво – имиња кои на сите ни се познати, како што се: .com, .org, .info.

Овој предлог им овозможува на кандидатите кои аплицираат за нови имиња, сами да го изберат нивното домен име, така што изборот ќе биде најсоодветен за нивните корисници или пак маркетиншки најисправен. Се очекува кандидатите да аплицираат за најбараните низи од букви на заедницата како што се (постојниот) .travel за индустријата за патувања и .cat за Каталонската заедница (како и генеричните низи како .brandname или .yournamehere). Веќе има заинтересирани заедници кои сакаат да втемелат градски базирани домен имиња од прво ниво како .nyc за Њујорк Сити), .berlin и .paris.

„Едно од највозбудливите очекувања кои се пред нас е тоа што проширувањето на системот исто така е планирано да поддржува и екстензии на јазиците од светот“, вели Питер Денгејт Траш, претседавачот на ИЦАНН. „Ова ќе биде многу важно за иднината на интернетот во Азија, Средниот Исток, Источна Европа и Русија. Актуелниот систем поддржува само 37 латинични карактери.“

По одобрувањето на планот за имплементација, планирано е апликацијата за новите имиња да биде достапна во втората четвртина на 2009 година.

Извор: Internet Corporation for Assigned Names and Numbers (ICANN)

Deli.cio.us    Digg    reddit    Facebook    StumbleUpon    Kajmak.ot
 
sakas_da_volontiras

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

Претплатете се на нашиот е-билтен

ping_logo

Рецензија на сајтови


sajt_na_denot

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5