Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Најголемата експанзија на интернет во 40 години – одобрена за имплементација
Најголемата експанзија на интернет во 40 години – одобрена за имплементација Испечати Е-пошта
27.06.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Париз, Франција: Бордот на Корпорацијата за доделување имиња и бројки на интернет (ИЦАНН) вчера ја одобри препораката која може да понуди цела низа на имиња кои ќе бидат воведени во системот за доделување адреси на интернет.

„Бордот денес ја прифати препораката од неговите глобални акционери дека е можно да се имплементираат многу нови имиња на интернет, на тој начин овозможувајќи експанзија на изборот и можностите за домен имиња“, изјави вчера Др. Пол Туајомеј, претседател и главен и извршен директор на ИЦАНН.

Финалната верзија од планот за имплементација мора да биде одобрена од бордот на ИЦАНН пред да започне новиот процес. Планирано е финалната верзија да биде објавена на почетокот на 2009 година.

„Потенцијалот е голем. Претставува сосема нов начин за изразување на луѓето на интернет“, вели Др. Туајомеј. „Тоа е масовен пораст на „недвижнините“ на интернет.

Моментално, корисниците се ограничени на употреба на 21 име на домен од прво ниво – имиња кои на сите ни се познати, како што се: .com, .org, .info.

Овој предлог им овозможува на кандидатите кои аплицираат за нови имиња, сами да го изберат нивното домен име, така што изборот ќе биде најсоодветен за нивните корисници или пак маркетиншки најисправен. Се очекува кандидатите да аплицираат за најбараните низи од букви на заедницата како што се (постојниот) .travel за индустријата за патувања и .cat за Каталонската заедница (како и генеричните низи како .brandname или .yournamehere). Веќе има заинтересирани заедници кои сакаат да втемелат градски базирани домен имиња од прво ниво како .nyc за Њујорк Сити), .berlin и .paris.

„Едно од највозбудливите очекувања кои се пред нас е тоа што проширувањето на системот исто така е планирано да поддржува и екстензии на јазиците од светот“, вели Питер Денгејт Траш, претседавачот на ИЦАНН. „Ова ќе биде многу важно за иднината на интернетот во Азија, Средниот Исток, Источна Европа и Русија. Актуелниот систем поддржува само 37 латинични карактери.“

По одобрувањето на планот за имплементација, планирано е апликацијата за новите имиња да биде достапна во втората четвртина на 2009 година.

Извор: Internet Corporation for Assigned Names and Numbers (ICANN)


(2744 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]