|
Како што веќе најавивме , на 27 и 28 јуни во Будимпешта, Унгарија се одржа годишниот самит на Глобал војсис посветен на граѓанските медиуми. Конференцијата ги спои сите активисти на Глобал војсис , како и голем број на новинари, блогери и други заинтересирани страни.
Самитот започна со обраќање на основачите на Глобал Војсис, Итан Зукерман и Ребека Мекинон . Во краток вовед тие ја раскажаа идејата од која настанал Глобал војсис.
Првиот ден
од самитот беше посветен на цензурата, која е многу честа појава во
некои делови од светот. Говорници од целиот свет ги искажуваа своите
проблеми и начините кои ги користат за да ја објават својата приказна
онлајн. Голем дел од нив користат СМС, Твитер и други сервиси за да ја
пренесат својата порака до светот. Една од сесиите од овој ден беше
посветена токму на алатките коишто се користат за избегнување на
цензурата и како најадекватна алатка беше истакната алатката Тор .
Вториот ден од самитот беше посветен на другите проекти на Глобал војсис т.е. Рајзинг војсис и Лингва . На самиот почеток од првиот ден беше прикажано кратко видео
од сите тековни проекти од Рајзинг војсис и публиката беше запознаена
со нивните активности. Голем дел од овие проекти имаа и свои говорници,
кои подетално ги претставија нивните активности. Интересно беше да се
слушне како демократиите во развој ги користат новите технологии за да
известуваат за изборите кои се одвиваат во нивните земји. Беше
прикажано како растот на блогирањето, социјалното вмрежување и микро
блогирачките сервиси, како Фејсбук и Твитер, видео и фото сајтови за
споделување, како ЈуТјуб и Фликер, ширењето на мобилната технологија им
дава можност на обичните граѓани целосно да учествуваат во
демократскиот процес во земјите Иран, Кенија, Ерменија и Венецуела.
При крајот на вториот ден своја сесија имаше успешната гранка на Глобал
војсис, Лингва од која е дел и фондацијата Метаморфозис, како
иницијатор за македонската и албанската Лингва страница. На оваа сесија уште еднаш беа претставени македонскиот , албанскиот и хинди јазикот како нови членови на Лингва, а беше објавено и официјалното вклучување и на италијанскиот
јазик. Говорниците во оваа сесија ја прикажаа потребата од превод на
различни јазици на содржината на Глобал војсис со цел да се приближи до
поширока публика, а накратко прикажаа и алатки кои ги користат
преведувачите од тимовите на Лингва.
Последната сесија од самитот беше насочена кон блогерите кои не
пишуваат за политика, туку за секојдневниот живот. Говорниците ги
дискутираа прашањата за тоа како блоговите можат да ја пополнат
празнината со нови и креативни начини кога традиционалните медиуми не
можат да известуваат, како на пример во случаите на природни катастрофи
и политички кризи.
За крај на самитот беа прогласени новите стипендисти
од проектот Рајзинг војсис и им беше заблагодарено на сите спонзори и
пријатели на Глобал војсис, како и на сите волонтери и учесници.
(2441 hits/посети) |