|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
|
Насловна
|
|
ТОП ВЕСТ |
Прв работен ден на фондацијата Метаморфозис во новата година ќе биде 12-ти јануари.
|
|
|
|
|

|
|
Одржана првата конференција на КОМУНИЈА во Белгија |
|
|
|
7.07.2008. |
На 30 јуни и 1 јули, во студентскиот град Лувен-ла-Нув во Белгија се одржа првата конференција во рамките на проектот КОМУНИЈА. Главната тема на оваа конференција беше процената на економските и општествените влијанија врз дигиталниот јавен домен во Европа.
На конференцијата учествуваа околу 100 луѓе, од кои некои беа во улога
на предавачи или презентери од разни организации, институции и
универзитети од Европа. Од фондацијата Метаморфозис која е член на
тематската мрежа на КОМУНИЈА уште од самиот почеток, присутни на
конференцијата беа двајца претставници.
Првиот ден сесиите започнаа во 9 часот, а се зборуваше за економското и
општественото влијание брз јавниот домен, проблемите во проценувањето
на креативните и научните заеднички содржини, дигитализирањето на
музички и литературни дела итн. Два пати во текот на денот, се одржуваа
паралелни сесии на различни теми, при што присутните се распоредуваа
според нивните интереси. Во првата фаза, темата на паралелните сесии
беше дигитални библиотеки и научни информации, додека втората ги подели
учесниците на сесии за информациите од јавниот сектор и за креативните
дела.
Вториот ден продолжија редовните сесии. Се зборуваше за политиката на
авторски права за дигиталните библиотеки во контекст на стратегијата
и2010, употребата на бесплатен и оупен сорс софтвер во јавниот сектор
итн.
Конференцијата беше заокружена со генералното собрание за членовите на
КОМУНИЈА. Помеѓу останатите прашања за кои се дискутираше на оваа
средба, беше донесена одлука и за локацијата на следниот настан на
КОМУНИЈА. Тој е закажан за октомври оваа година, а ќе се одржи во
Амстердам, Холандија.
(3473 hits/посети) |
|