| Одржана првата конференција на КОМУНИЈА во Белгија |
|
|
|
| 07.07.2008 |
|
На 30 јуни и 1 јули, во студентскиот град Лувен-ла-Нув во Белгија се одржа првата конференција во рамките на проектот КОМУНИЈА. Главната тема на оваа конференција беше процената на економските и општествените влијанија врз дигиталниот јавен домен во Европа.
Вториот ден продолжија редовните сесии. Се зборуваше за политиката на авторски права за дигиталните библиотеки во контекст на стратегијата и2010, употребата на бесплатен и оупен сорс софтвер во јавниот сектор итн. Конференцијата беше заокружена со генералното собрание за членовите на КОМУНИЈА. Помеѓу останатите прашања за кои се дискутираше на оваа средба, беше донесена одлука и за локацијата на следниот настан на КОМУНИЈА. Тој е закажан за октомври оваа година, а ќе се одржи во Амстердам, Холандија. |