Македонски
Македонско-естонска ИКТ конференција PDF Печати Е-пошта
06.06.2008
На 2 јуни, во хотелот Холидеј Ин во Скопје се одржа Македонско-естонска ИКТ конференција организирана од министерот за информатичко општество М-р Иво Ивановски, каде што естонските претставници од ИКТ индустријата ги презентираа своите компании.

Конференцијата беше отворена со говорите на министерот Ивановски, министерот за странски инвестиции Глигор Ташковиќ и естонскиот пратеник Ханес Асток.

Во своите говори тие истакнаа:

- Оваа Влада има зацртано огромен број проекти за развој на информатичкото општество со кои ќе се привлекуваат поголем број странски инвеститори кои ќе отворат нови работни места и ќе се развива економијата во Македонија. - Иво Ивановски

- Македонија се развива брзо и многу инвестира во човечките ресурси на ИТ секторот, затоа мислам дека естонските компании ја гледаат Македонија како пазар што се развива. - изјави Ханес Асток

Повеќе од 20-тина македонски компании имаа свои претставници на конференцијата која претставуваше одлична можност за создавање на контакти и потенцијална соработка со колегите од Естонија. Беа одржани презентации за естонските компании: Datel, Mandator, Santa Monica Networks, Microlink, Eesti Ehitusbors, Telegrupp и ITL.

Еден од неколкуте естонски презентери беше отсутен, а неговиот термин беше искористен од страна на македонски компании да се презентираат себе и своите активности. Тоа го направија компаниите Infinite Solutions, Pexim, IWM Network, Seavus, Nov Ekspo и Art Ulica 26.

По презентациите и ручекот постоеше можноста за остварување на B2B состаноци. На барање на гостите, беше повикан и директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо, со цел да ја објасни поволната клима за инвестирање во Македонија како и процесот за регистрирање на компанија во земјава.

Официјалната посета на естонските ИКТ претставници трае од 1 Јуни до 3 јуни, а во неа освен Македонско-естонската ИКТ конференција, тие имаа можност вчера да го посетат Штип на вечера организирана од страна на почесниот македонски конзул во Естонија, Сашко Миладинов.

Извор: IT.com.mk „Се одржа македонско-естонска ИКТ конференција“ 3 јуни, 2008.

 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5