| Европската комисија сака попристапни веб-сајтови за лицата со хендикеп |
|
|
|
| 11.07.2008 |
|
15 отсто од Европејците имаат некој вид на хендикеп, и многумина се
соочуваат со бариери како што се читање на текст со ситни букви од
некој сајт или пак не знаат како да пристапат до веб-сајтовите и онлајн
услугите.
Покрај честите апели од Европската унија и владините лидери за подобрување на оваа ситуација, напредокот е сè уште ограничен: поголемиот дел од веб-сајтовите не ги користат универзално прифатените решенија прилагодени кон корисниците.
Пристапните веб-сајтови се често подобри за сите корисници, со или без хендикеп. Основан во 1994 г. со поддршка од Комисијата, конзорциумот W3C дефинира вообичаени спецификации за интернетот, вклучително и Упатства за пристапност на интернет содржините. Сепак, во 2007 г., се утврди дека само 5% од јавните веб-сајтови и помалку од 3% од приватните веб-сајтови во ЕУ се „целосно пристапни“ според овие упатства. Неколку земји-членки (меѓу кои и Австрија, Франција, Италија, Холандија и Португалија) преземаа мерки за подобрување на ситуацијата, на пример со воведување упатства и поставување цели за јавните веб-сајтови. Сепак, таквите пристапи се сè уште недоволно распространети низ ЕУ. Други нови производи ги отсликуваат предизвиците за пристапност кои ги поставуваат веб-сајтовите: на пример проблемите со разбирање и подвижност може да бидат бариера за навигацијата низ електронскиот програмски водич на една дигитална телевизија. Европската комисија се осврна на пристапноста на нејзините јавни веб-сајтови „Еуропа“ во 2001 (IP/01/1309) и работи во насока на имплементирање на пристапноста. Комисијата моментално го тестира користењето на читачи на екран. Со нив се создава комбинација од говор и/или Браилов аутпут со што им се овозможува на слепите луѓе, на пример, да „читаат“ веб-сајтови (испробајте читач на екран со кликнување на иконата со звучник веднаш до насловот на http://ec.europa.eu/roaming). Со јавното советување што започна денес ќе се разгледа какви постапки може да преземат земјите-членки за подобрување на веб-пристапноста, и ќе се бара одговор на повеќе генерални прашања за пристапноста на информатичко комуникациската технологија за лицата со хендикеп. Извор: Europe's Information Society "Commission wants a web that is better enabled for the disabled" 2 јули, 2008. |