Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Германски протести против надзорот во повеќе од 30 градови
Германски протести против надзорот во повеќе од 30 градови Испечати Е-пошта
11.07.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
На 31 мај, 2008 г., активистите за заштита на приватноста организираа нови собири во повеќе од 30 градови низ Германија.

По протестите во ноември 2007 г. под мотото „Слобода наместо страв“ („Freiheit statt Angst“), илјадници граѓани учествуваа во овогодишните улични собири.

Бројните демонстрации, собири, информативни настани, како и работилници и уметнички изведби испратија јасни сигнали за заштита на уставните права и ограничување на неконтролираното зголемување на надзорот.

Собирите на граѓаните имаа за цел да ѝ кажат едно одлучно НЕ на владејачката коалиција против произволното собирање и чување на податоци, и против надзорот на сите детали од секојдневниот живот. Активностите беа поддржани од мноштво истакнати организации и се овозможи формирање на нови сојузи во многу градови. Со тоа се нагласи растечката сила што се развива зад добро поврзаното движење, изјавија од групата.

Според Германската работна група за задржување на податоците (Arbeitskreis Vorratsdatenspeicherung), протестите што се одржаа низ целата земја беа успешни: „Можевме даги користиме бројните помали и поголеми активности за да ја подигнеме свеста на населението и да добиеме нови поддржувачи. Одговорите беа позитивни насекаде“, објасни Рикардо Кристоф Ремерт-Фонт, еден од организаторите на активностите.

Во Хамбург, Франкфурт (Мајна), и Минхен, се одржаа мирни собири со голем број учесници. Во Минхен, 2500 луѓе дополнително протестираа против донесувањето на новиот закон со кој се ограничува правото на слободно здружување.

Со цел да се претстави загубата на приватноста, активистите од Нирнберг реагираа со уметничка инсталација преку подигнување на цела дневна соба во пешачката зона на градот. Во Бон, инсталацијата „Транзиција кон надзор“ визуелно го претстави тековниот развој на настаните.

Во Џена, беа поставени огромни надзорни камери, додека во Берлин се одржуваа работилници и имаше презентација на уметничкото дело „Пиџн проџект“.

Беше реализиран радио пренос од настаните во живо од страна на мрежата на независни радиостаници. Снимките беа достапни на веб-сајтот на Германската работна група за задржување на податоците.

Германската работна група за задржување на податоците сега подготвува европски кампањи што ќе кулминираат со масовни протести на 11 октомври низ цела Европа. „Ова е само почетокот – ние ќе продолжиме!“ беше коментарот на Мајкл Блуменстајн за време на активностите на работната група во Берлин.

German Press Release from German Work Group on Data Retention (only in German, 1.06.2008)

The "Pigeon Project" - international artists of the Amsterdam Sandberg Institute


Recordings of the independent radio station broadcasts (only in German, 31.05.2008)

Petition against the BKA law (Federal Criminal Police Office law) (only in German)

 

Извор: ЕДРИ-грам „German Protests in over 30 cities against surveillance“ бр. 6.13, 2 јули 2008


(2149 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]