|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Италија: Модена мигрира кон ОпенОфис
|
|
|
|
Италија: Модена мигрира кон ОпенОфис |
|
|
|
14.07.2008. |
Советот на град Модена го заменува Мајкрософт Офис со ОпенОфис на сите 1600 компјутери.
Миграцијата кон канцелариските апликации со отворен код започна во јануари. ОпенОфис сега е инсталиран на илјада компјутери кои работат или на Мајкрософт Виндоуз икс-пе или Мајкрософт Виндоуз 2000, вели Лаура Сајденари, информатичар во градскиот совет на Модена одговорен за проектот.
„Градот во 2004 г. одлучи да користи отворени стандарди секаде каде што тоа е можно“, вели Сајденари. „Сакаме да ја намалиме сумата што ја трошиме на софтверски лиценци.“ Таа додава дека мигрирањето кон слободен софтвер му овозможило на градскиот совет да го подобри квалитетот на своите десктоп апликации. „Исто така ни дава пристап до многу поголема група на софтверски компании.“
Таа вели дека информатичарите во градскиот совет требало да решат само неколку мали проблеми, на пр. да се справат со макроата на Мајкрософт Офис. „Ние исто така користиме апликација за евиденција на градилиштата. Оваа и некои други апликации што се поврзуваат со Мајкрософт Ексел се единствените што не можевме веднаш да ги замениме со апликации на ОпенОфис“.
Преминувањето на Модена кон ОпенОфис е само почеток. Според Сајденари, градските службеници на градот ги фалат алтернативните решенија со отворен код. „Според нив, софтверот е лесен за користење и велат дека ја зголемил нивната продуктивност. Поради тоа, другите градски совети од регионот веќе размислуваат за ОпенОфис.“
ОпенОфис не е единствената апликација со отворен код што се користи во италијанскиот град. Модена исто така го заменува својот комерцијален систем за управување со содржини на интернет (CMS) со алтернативниот софтвер со отворен код - Plone, кој работи на Zope, сервер со отворен код за апликации.
Извор: IDABC - "IT: City of Modena switches to OpenOffice“ 8 јули, 2008.
(2609 hits/посети) |
|