|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Пронајден мистериозно исчезнатиот хард-диск
|
|
|
|
Пронајден мистериозно исчезнатиот хард-диск |
|
|
|
17.06.2004. |
|
Пронајден е хард-дискот што завчера бил украден од главниот компјутер во Канцеларијата за обработка на податоци во "Македонски телекомуникации...
Пронајден е хард-дискот што завчера бил украден од главниот компјутер во Канцеларијата за обработка на податоци во "Македонски телекомуникации", соопштија вчера од Tелекомот.
Хард-дискот бил пронајден вчера изутрината во канцеларијата во која МВР завчера попладне изврши увид по пријавата за кражба. Во "Македонски телекомуникации" велат дека со исчезнувањето на дискот во ниту еден момент не била доведена во прашање сигурноста на податоците на корисниците, ниту, пак, информациите што се однесуваат на работата на компанијата.
МВР вчера соопшти дека од службените простории на "Македонски телекомуникации" ноќта меѓу 14 и 15 јуни бил украден хард-диск на еден од компјутерите, во кој биле сместени сите податоци за фиксната телефонија во периодот од 2002 до денес. Во полицијата велат дека ќе продолжат со истрагата за овој случај.
Според првичните информации, на хард-дискот имало детали за корисниците - сметки, адреси, повикувани и избирани броеви, како и развојни планови на телекомот. Неофицијални извори велат дека на него биле забележани податоци за сегашниот и за планираниот број линии, корисници, за густина на населеност по региони кои можат да се послужат за анализа за развој на фиксната телефонија. Според истиот извор, податоците во провалениот компјутер ги внесувал вработен, кој неодамна починал.
М.Б. (2759 hits/посети) |
|