Македонски

Твитер ќе применува геолокациска цензура

На 21 јануари 2012 г., на својот официјален блог, Твитер а соопшти својата намера да воведе геолокациска цензура, што значи дека одредени твитови ќе бидат цензурирани во некои земји врз основа на разл...

ЕДРИ | 3.2.2012

Одговори на често поставуваните прашања за ACTA

1. Дали ACTA бара од земјите да наметнат правила за „три предупредувања пред исклучување од интернет“?

ЕДРИ | 2.2.2012

Поранешниот германски министер за правда го поддржува повикот за отворени стандарди

Германскиот парламентарец и поранешен државен министер за правда Брижит Циприс ги повикува институциите и компаниите да се пријават за годинешните Награди на Денот на слобода на документите. Наградата...

Свет | 1.2.2012

Центар за интернет и општество - Беркман: Летна програма за практиканти 2012

Центарот Беркман ќе ангажира разнообразна група од студенти заинтересирани за проучување - и менување на светот преку - интернетот и новите комуникациски технологии; студенти кои се мотивирани, интере...

Свет | 31.1.2012

Франција: Објавен порталот за отворени податоци - data.gouv.fr

Франција ја објави бета-верзијата на владиниот веб-сајт за отворени податоци; data.gouv.fr.

Свет | 27.1.2012

Јавната администрација треба да им се приклучи на здруженијата за слободен софтвер

Јавните администрации треба да станат членки на здруженијата за слободен софтвер, вели Сајмон Фипс, директор на Иницијативата за слободен софтвер (OSI). „Убаво е да се има политика, но ако не се прикл...

Свет | 26.1.2012

Друго во: ЕДРИ, Свет, Македонија

Македонија: ДЗЛП издаде препораки за користење сервиси за социјално вмрежување PDF Печати Е-пошта
15.07.2008
Поплаката за постоење на лажен профил на Каролина Гочева на американскиот сервис Мајспејс, беше повод Дирекцијата за заштита на личните податоци на РМ да објави став со препораки поврзани со социјалното вмрежување.

Во последно време до Дирекцијата за заштита на личните податоци се почесто стигнуваат известувања за злоупотреба на личните податоци на интернет, конкретно на порталите за социјална интеракција. Креирањето на лажни профили на порталите за социјална интеракција не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци и со основните принципи за заштита на личните податоци.

Дирекцијата е во постојана соработка со тимовите на порталите од ваков тип што придонесува за брзо и ефективно откривање и решавање на проблемите врзани со повредата на личните податоци, но сепак, најважно е сите оние кои ги користат ваквиот тип на веб страници и портали да внимаваат кога објавуваат свои, но и туѓи податоци на интернет.

 Препораки на Дирекцијата до провајдерите:

  • Транспарентност и отворена информација до корисниците т.е. јасно истакната политика на приватност.
  • Овозможување на креирање и користење на профилите под кориснички имиња – псевдоними.
  • Исполнување на ветувањата дадени на корисниците.
  • Лесно достапни поставки (settings) за уредување на политиката на приватност на веб страницата.
  • Подобрување на контролата врз користењето на податоците на корисниците.

Препораки на Дирекцијата до граѓаните корисници:

  • Внимавајте! Размислете добро пред да ги објавите своите лични податоци (особено името и презимето, адресата и телефонскиот број) на порталите за  социјална интеракција.
  • Размислете два пати дали ќе го користите вистинското име или ќе употребите псевдоним.
  • Почитувајте ја приватноста на другите. Бидете особено внимателни со објавувањето на лични податоци или информации кои се однесуваат на друго лице (како и фотографии или линкови до фотографии) без негова согласност.
  • Информирајте се! Кој управува со сервисот кој го користите? Под надлежност на која земја спаѓа? Дали во земјата постои орган за заштита на личните податоци до кој може да се обратите во случај на злоупотреба на Вашите лични податоци? Дали Ви се понудени опции за заштита на Вашите лични податоци?
  • Користете ги сите достапни поставки (settings) за уредување на политиката на приватност на веб страницата. Ограничениот пристап до Вашиот профил треба да Ви биде понуден, особено кога станува збор за опцијата за пребарување.
  • Користете различни податоци за идентификација на интернет. Корисничките имиња и лозинки е пожелно да бидат различни на различни веб страници.
  • Внимавајте на тоа како Вашите деца го користат интернетот особено кога станува збор за портали за социјална интеракција.

Злоупотребата на личните податоци на интернет е се почеста во последно време и токму заради тоа Дирекцијата е поттикната да организира различни активности за едукација на младите како најголем и најчест корисник на овој медиум.
Меѓу другото, Дирекцијата е вклучена и во проектот Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет инициран и спроведуван од Фондацијата Метаморфозис.

 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5